Снаа vs. Свекрва

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Претходната сабота ја начекав свекрвата пред врата, и ме замоли да остане неколку дена. Кажав дека може.
- И?
- И се уште е пред врата!


;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: N|ghtmare_f

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Апел до МВР, вратете ја полициската станица во Витолиште, затоа што додека стаса полиција од најблиска полициска станица (Прилеп) можат да се заколат, и место Црна да го дели Мариово на два дела, ќе ја дели Црвена Река
http://10bez10.com/vesti/2443-snaa-pretepala-svekrva

Земјак ти да не си Нострадамус бе :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Темава започна со тоа тепањето во Мариово :) ама потоа беше сменето нешто......и заврши темава во Хумор :)
Читам таму пишува денешен датум а во муабетот се спомнува дека вчера било ова, Твоево пишано во саботата па ми падна чудно, како во сабота пишуваш за тепање што е ден потоа хахах
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Снаа оди кај свекрвата на гости:
- Стави ми една ракија.
- Ти во ред ли си?
- Ќе ти дадам 100 денари!
Свекравата и ставила ракија.
- Стави ми уште една ракија!
- Ги помина сите граници!
- Еве ти 500 денари!
Свекрвата ги зела парите и и ставила уште една ракија.
- А да испиеме по една ракија заедно? Ќе ти дадам уште 500 денари.
Свекрвата се согласила и испиле по една ракија.
- А да ти удрам еден шамар?
- Ти не си во ред?!?!
- Ќе ти дадам 1000 денари!
Свекрвата се согласила и снаата и удрила еден силен шамар. Во тој момент на снаата и ѕвони телефонот. И се јавува маж и и ја прашува:
- Драга и ја даде ли пензијата на мајка ми?
- Да, да сега и ја давам…
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Една свекрва отишла на гости кај снаата. Поминала со прстот по сите полици, по телевизорот, шкафот, украсите, по сè што може да фати прашина... Го погледнала прстот и што ќе види! Целиот со прав. Веднаш ја прашала снаата:
- Знаеш ли некоја поговорка за овој случај? – Мислејќи на поговорка од типот „Чистотата е здравје“.
Снаата после кратко размислување:
- „Свињата сегде ќе најде кал“.