само еднаш?
не верувам
не верувам ни дека може да се даде општ одговор
секој со судбината
не можеш да знаеш ни кога ни каде ни како ни колку ни па зошто ќе ти се случи љубов
просто ќе се случи
некому еднаш, некому два пати, некому еден куп пати
верувам дека секој пат е поинаков
верувам дека свесно или несвесно според нешто, можеби според интензитетот на чувствата, можеби според времетраењето, можеби според почетокот или крајот, најчесто според средината на приказната, во себе си ги подредуваме
и верувам дека на врвот секогаш стои и се двои една љубов, поточно една приказна
па си велиме - ех, само еднаш навистина љубев