Ама сте смотани бе, па вие не знаете да ги вреднувате вистинските вредности што во нормалните земји секако би ги крстиле Колатерална штета.
Јас насабајле си станувам, уште чепам гурелчиња со малото нокте, а со другата рака го пребарувам далечинското.Не сакам да ја пропуштам водителката на Сител со мрсна коса собрана во репче и стегач од 10 денари ни под разно.
А како би ја пропуштила. Теми на нивоУ. Сите до една собрани од Дневен печат или пак гости во студио за некои си тамО изложби на петачиња што расправаат...
Филмови од времето на цутот на Сталин.
Тропска горештина мој непребол, јас едвај си чекам да дојде лето и да се курдисам со лимонадата пред телевизор и да ја изгледам серијава на МТВ по 12345 пат.
Турските серии со тие нивни страхотни заплети, со такви дебилни карактери...просто се врхунец!
Па колку домаќинки ги оставија тенџерињата на рингла да разберат дали Надидан ќе има машко или женско дете, дали Шефкет ќе и прости на Лејла и ќе ја прибере у куќата или не....
Па оние мини концерти на МТВ ми се граничат со вредност ко Цеца на Маракана просто.
Снимани кога јас сум проодувала...ако ништо друго барем имаме шанса да ги проучиме криковите на тогашните модни трендови...
Квизовие се прича сами по себе , а водителите па што ги водат се понашаат ко лек за сида да пронашле.Ко напрчени пауни...а ако изгледаат ко Мечето Ушко пред заспивање.
Долга и широка е...ако читавме сите по една книга во времето кое го трошиме на булшет емисии , досега Менса вафли ќе јадеше.