Македонски сликари

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Ќе ја започнам темава со двајца македонски сликари, кои се сметаат за едни од најзначајните за развитокот на македонското современо сликарство.
Понатаму вие дополнувајте ја темата со ваши знаења, впечатоци и размислувања.


Никола Мартиноски (Крушево, 18 август 1903 - Скопје, 7 февруари 1973) бил македонски уметник и академик и без сомнение една од најважните личности за развојот на македонската култура во 20 век. Роден е во Крушево во 1903 година, дипломирал на Школата за убави уметности во Букурешт, Романија во 1927 како најдобар студент за таа година. Во 1927 и 1928 година претстојувал во Париз каде ги посетува Académie de la Grande Chaumière и Ransan.
По враќањето во Македонија, освен воведувањето на европските модерни сликарски тенденции карактеристични за Париската школа, на овие простори тој се истакнувал и со својата општествена активност. Мартиноски е иницијатор и раководи со формирањето на Средното ликовно училиште во Скопје, Друштвото на ликовни уметници, Уметничката галерија во Скопје или денес позната како Национална галерија на Македонија, учествува во формирањето на Македонската академија на науките и уметностите, институции кои и денес се основни носечки елементи на македонскиот културен живот. Неговите уметнички дела се наоѓаат во колекциите на повеќе музеи и галерии, како и во голем број приватни колекции во земјата и во странство.
Мартиноски имал повеќе самостојни изложби пред и по војната. Првата изложба била во 1929 во Скопје, а потоа следувале изложби во Белград, Загреб, Љубљана, Париз, Дижон и во други места. Групно излагал во многу европски земји и во земјата со слики, цртежи и графики, како на пример на изложбата „Уметноста на тлото на Југославија“ во Париз во 1971 година и слично. Пред војната изработил и неколку мурали во Скопје.

Повеќе за животот и делото на Никола Мартиноски овде

Автопортрет, 1949, масло на платно, 64X35

image_150.jpg



Доилка, 1967, масло на платно, 110X77
image_300.jpg



Игра, 1961, молив на хартија, 35,5X32,5

image_210.jpg
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Лазар Личеноски

Роден е во Галичник, на 26 март 1901 година, a починал во Скопје на 10 април 1964 година. При тоа ги оставил недовршени сликите со охридскиот рибар кој ја крпи својата мрежа и недоткаената таписерија.
Личеновски се смета за еден од втемелувачите на ликовниот живот во Македонија. Тој е еден од најавтентичните сликари на македонскиот пејзаж ("Бачила", "Долап", "Афионски полиња", "Охридски рибари"), во кој внесува и фоклорни елементи. Сликаше мртва природа и портрети, а создаваше и мозаици.
Уметничка школа со академски курс завршил во Белград, 1927 год. Специјализирал ѕидни техники во Париз во ателјето на Марсел Линоар и кај Пол Бодуен на Ecole des Arts et Mertiers, ги посетувал ателјето на Андре Лот и Academie de la Grande Chaumiere (1927-1929).
Живеел во Белград, а потоа во Скопје. Бил член на предвоената белградска група Облик.
Повеќе за животот и делото на Лазар личеноски овде и овде

LICENOVSKI1.jpg
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Димитар Аврамовски Пандилов (1898-1963)

Потекнува од фамилијата Дичовци, една од најстарите зографски фамилии што ги дала областа Дебар со Галичник и околните села во XVIII и XIX век. Селото Треспнче е татковина на причуените реазбарски, зографски и градителски фамилии. Оттука се Рензовци - Зографски, Печаровци и Дичовци. Според усното предание, се знае дека основач на фамилијата Дичовци, резбари и зографи, бил Дичо, резбар и зограф во XVIII век. Дичо имал син Крсте, а Крсте бил татко на Дичо Крстевич кој бил најплодниот македонски зограф во XIX век во последниот процут на македонската црковна уметност. Како рутиниран мајстор на икони и фрески во стилот на атоскиот барок, тој ги исполнил со свои дела црквите во Македонија, еден дел од Србија и Бугарија. Во историјата на македонското сликарство на XIX век има голема заслига што насликал прв икона-портрет, во 1853 година, на еден свој современик, јеромонахот Самуил од манастирот Зрзе. Овој портрет-икона , по своите стилски одлики, значаен е поради тоа што претставува чекот напред до првиот светове портрет на зографот Димитар Андонов Папрадишки, во крајот на XIX век, Дичо Крстевич имал 8 синови, од кои само двајца, Аврам и Спиридон, се занимавале со зографство. Аврам, зографот, е дедо на Димитар Пандилов кој често се потпишувал Аврамовски Пандилов.
Димитар прогимназија завршува во 1914 година и, по завршувањето на Првата светска војна, во 1918 година, се запишува во Софија на Художенствената академија која ја завршува со успех во 1924 година. Во 1927 година на Велигден во Скопје ја отвара својата прва самостојна модерна изложба. Кратко престојувал во Монпелје, Франција. каде што стапил во Сликарската академија Гранд Шомиер. Вредно одел секој ден во Лувр, и најблиски му биле мотивите на Миле и Русо, а по начинот на сликање - Моне и Писаро. Кога се вратил во Македонија вил наставник по цртање во Гимназијата "Маршал Тито", а потоа во Уметничката школа се до пензионирањето. Најмногу слика селски жанр од неговото Тресонче, и од Македонија, реалистички пејзажи и портрети и луѓе со кои се дружел, зборувал и ги сакал.

Images%5CGallery%5C10%5C01.jpg
Images%5CGallery%5C10%5C05.jpg
Images%5CGallery%5C10%5C08.jpg
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Томо Владимирски (1904-1971)

Томо Владимирски се родил во Скопје во 1904 годиниа, во познатото Пајко маало, во стариот дел на градот, до реката Вардар.
Владимирски првпат се сретнал со цртањето во гимназиските денови. Во тоа време (1918-1919), заедно со сликарот Никола Мартиноски, го посетувал ателјето на сликарот-зограф Димитар Андонов-Папрадишки.
Во 1928 година Томо се запишал на белградската Уметничка школа. Иако во душата ги понел бојата и атмосферата на своето поднебје, поуките на професорите, кои биле изразити творечки личности, како и ликовната клима во Белград, му помогнале да го научи сликарскиот занает и да ги направи првите чекори во уметничкото создавање.

По завршувањето на Академскиот курс во 1935 година, во Белград, Владимирски добил стипендија и заминал на специјализација кај професорот Јакоб Обровски, на Уметничката академија во Прага.
Во пролетта на 1937 година, по завршувањето на специјализацијата, ја отворил својата прва самостојна изложба во Прага. Тоа било неговото "прво ликовно крштевање во една висока културна средина како што е прашката". Делото Мотив од Велес (околу 1935 година) било откупено за "Караскова галерија" во Прага, додека делото Мотив од Прага (во 1937 година) било изложено на таа изложба )денес е изложено во Националната галерија на Македонија).
Во тој период, Томо се приклучил кон скопските интелектуалци и нивната дејност и улога во Друштвото на пријателите на уметноста "Јефимија".

Покрај ликовната, паралелно се развила и театарската дејност. Во 1939 година, Томо се вработил како сценограф во Народниот театар.

За време на окупацијата, Владимирски бил активен во организирањето на културниот живот во градот Скопје и надвор од него. Во 1944 година, се вклучил во Агитроп на Главниот штаб на НОВ за Македонија. на 10.09.1944 година, во штотуко ослободениот Прилеп, се основао Здружението на македонските ликовни уметници. Владимирски бил активен и учествувал речиси на сите изложби. Остварил неколку студиски патувања, меѓу кои и она во Париз, во 1957 година. Оттаму се вратил со многу импресии, доживувања и со голем број на цртежи и скици. Оттогаш се забележува извесно ослободување на стилскиот израз, како и инвентивност во потегот и бојата.

Во 1960 година ја приредил изложбата со крајбрежните Пејсажи од реката Вардар, со желба да го претстави "поднебјето на Скопје и неговата непосредна околина, да ги асоцира спомените имтимно поврзани за родниот град".

Томо Владимирски ненадејно починал на 14 октомври 1971 година. Пред време се спушти завесата на се уште незавршената животна пиеса, оставајќи ги последните рибари покрај реката Радика сами, без него, како и големиот број распнати и недосликани платна во неговото ателје.

slika3.png
slika2vladimirski_tomo3_f.jpg
slika2.png
Avtoportret-i-Portret-.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Вангел Коџоман (1904-1995)

Роден е на 14 фебруари 1904 година во Струга и сновното училиште го завршил во родениот крај во учебната 1914/15. Потоа го продолжил школувањето во Охридската гимназија, каде што матурирал во 1923/24. Уште како дете, Коџоман сакал да црта и таа љубов со време прераснала во страст. Тој цртал повеќе за себе, портретирајќи ги најчесто своите школски другари, со молив. Значајно влијание одиграл директниот допир со големите средновековни мајстори на фрескосликарството и иконите, кои имал можност да ги набљудува по многубројните цркви и манастири на Охрискиот и Струшкиот регион (Св. Климент, Св. Софија, Св, Наум).
Желбата за учење и за сликарство, зачната уште од најраното детство, била толку силна и Коџоман во 1924 година се запишал на Државната уметничка школа во Белград. Во периодот од 1924 и 1928 година го завршува Наставничкиот оддел на Уметничката кола во Белград. Во прва година го посетувал подготителниот курс, а во втора и трета година посетувал часови по вечерен акт и цртеж, а во четврта учел часови по акварел. Искуствата и љубовта кон акварелната техника, поуките од импресионистичката насока и искуствата за солиден и цврст цртеж го оформуваат ликовнот стил на Коџоман.
Во 1928 година, престојувал кратко во Италија, ги посетил Фиренца, Рим и Венеција и најголемо доживување за него била средбата со оригиналните дела на Ботичели, Тинторето, Тицијан, и др. Во 1929 година искача на својот прв настап на втората пролетна изложба на сликарските и скулпторските дела на југословенските уметници во Белград. Од 1931 до 1935 година работел како ликовен педагог во Охридската гимназија, а во 1935 година го положил професорскиот испит во Белград и станал професор на Реалната гимназија во Охрид. Во 1934 година станал член на Здружението на српските ликовни уметници и речиси редовно учествувал на пролетните изложби на сликарските и скулпторските дела на југословенските уметници и на есенските изложби на белградските уметници во Белград. Во 1938 година бил подготвен за прв самостоен настап и Друштвото на љубителите на уметноста "Јефимија" го организирала во Скопје во април 1938 г. Во наредните години учествувал на разни изложби во Белград како единствениот претставник од Македонија, а исто така, активно учествувал во културно-забавниот и спортскиот живот во Струга.
Во октомври 1944 г, стапил како воен сликар на должноста шеф на Одделот за пропаганда при Главниот штаб на Македонија и останал 6 месеци. Во 1945 година се вработил како професор во Средната художествена школа во Скопје, која во 1948 година прераснала во Училиште за применета уметност и тука останал се до 1952 г. Од 1952 г. па се до 1972 г. кога се пензионирал работел како професор на Вишата педагошка школа во Скопје и предавал сликарство и методика на ликовното воспитување. За време на својот четиримесечен студиски престој во 1955/56 г. во Париз, Коџоман ги посетувал секојдневно галериите и музеите, задржувајќи го своето внимание најмногу на делата од Лувр, одушевувајќи им се истовремено од творбите на Сезан, Ван Гог, Делакроа, Рембрант, и други класици.

Временски и по некои стилски карактеристики, неговото сликарство би можело да се класифицира во два поголеми периода: 1) на дела создадени во предвоениот, период се до крајот на петтата деценија на 20 век, во кои почнува со академски реализам и користење на некои поуки од постимпресионистичкото сликарство на белградската ликовна школа на 3-та и 4-та деценија; и 2) на дела создадени во периодот, условно земено, до 1950 г, осносно во текот на 6-та, 7-та и 8-та деценија, во кои пиктуралните преокупации на авторот доаѓаат во прв план, преку своеобразен колористички експресионизам со национална "обоеност", со користење на некои поуки на фовистичкото сликарство и понекогаш елементи со романтично-фантастичен призвук.
Тој изградува во своето сликарство традиционална иконографија на речиси сите класични сликарски мотивни актови - портрети, мртви природи, историски портрети и композиции, слики со социјален призвук и етнофолклорни елементи и др. Но, интересот за пејсажот е доминатен, пред се за пејсажот на родниот крај. Дела: Акт I, II, III, IV; Автопортрет I, II; Портрет на девојче; Портрет на мојата мајка; Каменоресци; Охридски полјак; Чинови I, II; Долап; Портрет на мојот татко; Минијатурен акт; Поглед на моето ателје I, II; Пченка; Кон Матка; Пејсаж; Мртва природа со дуњи; Пејсаж со жито; Описменета жена; Селанец од Нерези; Повик во борба; Војводата зборува; Ослободувањето на Скопје; Мотиви од Црн Дрим; Охридски мотиви во Охрид; На Вардар; Крај Вардар; итн.

Коџоман е најпознат по своите акварели, кои се изработени прецизно, со необично фини преливи. Глава на жена е најстариот зачуван експонант на Коџоман, работен по модел во акварелна техника, детални исликан, со назнаечен цртеж и реалистички конципиран. Друго дело зачувано е Струга со мотив од житниот пазар, скицозно разрешен со повеќе стилизирани фигури. Карактеристично за акварелите на Коџоман се белите непокриени површини, така што војата на четката само делумно е нанесена. Попознати акварели се Чунови I, II, III, IV каде што се забележува послободен третман во исликувањето на природните форми со впечатливи сини тонови. Водата како да се слева низ езерската површина преку успешно нанесената акварелна боја.

Cunovi.jpg02-protugjer-g.jpg08-Pcenka-g.jpgkodzoman-14.jpg10-sl-1-g.jpgurl.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Многу ми се допаѓаат делата на нашите сликари на фантазијата и прв би го издвоила:

Спасе Куновски

Во почетокот работи класична фигурација со постимпресионистички и фовистички белези. Тој слика во манирот на магискиот реализам, со интерес за ликот на маската, за фигурата-лик во форма на испразнета кукла. Осаменоста и меланхолијата во неговите слики е нагласена со непроѕирниот сиво-темно син зеленкаст тоналитет. Тој во 1961 година ќе ја наслика сликата "Маски". Во пуст предел, назначени со хоризонтални линии, на тенки стапчиња се поставени човекови фигури-кукли со маски наместо лице. Врз нив се забележливи трагите на некаков разурнувачи процес, сугерирајќи осаменост и неспокојство. Сивиот тоналитет и темните акорди сликата ја доближуваат до надреализмот. Во "Портрет со чадор" од 1974 година, уметникот на портретот гледа со очи на надреалност. Облеката е дел од кукла, а наместо врат се гледа празнина и воздух, што го двои од главата насликана како необична предмет-направа. Чадорот што го држи штипка (и двата предмета се чести мотиви во неговото творештво) наместо рака и дава силна надреална нота на сликата. Во "Жена во облаци" од 1976 година, се спротиставени празното и полното, живото и неживото, целото и распаднатото. Создадена е илузија и момент на прелага во кој се содржани вознемирувачките надреалистички сугестии. Низ целиот негов опус се проткајува замрзната атмосфера во сиво-син-зеленкаст тоналитет, во кој се сменуваат фигури на маски, плашила и манекени, на флуидни "чадења" и можни обвивки со чувство на осаменост и темни претчувства.

Maski.jpg Portret-so-cador.jpgzenavooblaci.jpg
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Димитар Аврамовски Пандилов (1898-1963)

Потекнува од фамилијата Дичовци, една од најстарите зографски фамилии што ги дала областа Дебар со Галичник и околните села во XVIII и XIX век. Селото Треспнче е татковина на причуените реазбарски, зографски и градителски фамилии. Оттука се Рензовци - Зографски, Печаровци и Дичовци. Според усното предание, се знае дека основач на фамилијата Дичовци, резбари и зографи, бил Дичо, резбар и зограф во XVIII век. Дичо имал син Крсте, а Крсте бил татко на Дичо Крстевич кој бил најплодниот македонски зограф во XIX век во последниот процут на македонската црковна уметност. Како рутиниран мајстор на икони и фрески во стилот на атоскиот барок, тој ги исполнил со свои дела црквите во Македонија, еден дел од Србија и Бугарија. Во историјата на македонското сликарство на XIX век има голема заслига што насликал прв икона-портрет, во 1853 година, на еден свој современик, јеромонахот Самуил од манастирот Зрзе. Овој портрет-икона , по своите стилски одлики, значаен е поради тоа што претставува чекот напред до првиот светове портрет на зографот Димитар Андонов Папрадишки, во крајот на XIX век, Дичо Крстевич имал 8 синови, од кои само двајца, Аврам и Спиридон, се занимавале со зографство. Аврам, зографот, е дедо на Димитар Пандилов кој често се потпишувал Аврамовски Пандилов.
Димитар прогимназија завршува во 1914 година и, по завршувањето на Првата светска војна, во 1918 година, се запишува во Софија на Художенствената академија која ја завршува со успех во 1924 година. Во 1927 година на Велигден во Скопје ја отвара својата прва самостојна модерна изложба. Кратко престојувал во Монпелје, Франција. каде што стапил во Сликарската академија Гранд Шомиер. Вредно одел секој ден во Лувр, и најблиски му биле мотивите на Миле и Русо, а по начинот на сликање - Моне и Писаро. Кога се вратил во Македонија вил наставник по цртање во Гимназијата "Маршал Тито", а потоа во Уметничката школа се до пензионирањето. Најмногу слика селски жанр од неговото Тресонче, и од Македонија, реалистички пејзажи и портрети и луѓе со кои се дружел, зборувал и ги сакал.

05-pandilov-g.jpg
Images%5CGallery%5C10%5C01.jpg
Images%5CGallery%5C10%5C05.jpg
Images%5CGallery%5C10%5C08.jpg


Бидејќи сум по потекло од Тресонче, по баба. Можам да ја искористам приликава и да се пофалам дека Димитар Пандилов е вујко на мојата баба, прв братучед на нејзината мајка. Не сме во контакт голем со неговото семејство а баш би сакала бидејќи и кај нас има од фамилијарната жичка за сликање. Итересна тема, ќе се навратам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Бидејќи сум по потекло од Тресонче, по баба. Можам да ја искористам приликава и да се пофалам дека Димитар Пандилов е вујко на мојата баба, прв братучед на нејзината мајка. Не сме во контакт голем со неговото семејство а баш би сакала бидејќи и кај нас има од фамилијарната жичка за сликање. Итересна тема, ќе се навратам.

Би било супер кога би можела да дознаеш нешто повеќе за него, па да ни пренесеш некоја интересна приказна/информација.

Иначе да се надополнам за него, најважните работи всушност и не сум ги кажала. Неговото сликарство може да се категоризира во стилот импресионизам, бидејќи светлината е главен ликовен проблем што го интересирала, а исто така и реализмот не се симна од делата на Пандилов. Сликал пред се селски дејности: копачка, жетва, вршидба, веење жито, собирање снопје, гроздобер, молзење овци, одмор, итн. Коњите се често присутни на сликите (уште една карактеристика за импресионизмот е движењето). Исто така, цвеќето зазема одделна сликарска страст кај Димитар Пандилов. Сликал акварели со цвеќе, разни видови (трендафили, лалиња), расцутени бавчи и полиња. Во одреден период во неговото сликарство изразена е жолтата боја, при сликање на зрели жита. Меѓу попознатите дела е Вагони, а други се Жетва, Жетварки, Турци на пазар, На чаша ракија, Чепкање на волна, Гроздоберач. Се на се, неговото сликарство посветено е на македонскиот човек и на македонската земја.

Како и на другите македонски сликари, така и на Пандилов делата можете да ги видите во Даут Пашин Амам.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Под импресија на вечерашната изложба, да кажам некој збор и за Васко Ташковски.

Посебноста во творештвото на Ташковски ја согледуваме во умеењето да и даде прецизни форми на својата инвенција, одмерено да ги вообличи сликите на својата фантазија. Тој сликите ги осмислува интимистички, но и спектакуларно - како сцени кои сведочат за фантастичната имагинација поттикнати од одделни научни откритија. Неговата определба кон размислувањето за суштествените универзални вистини, својствени на секое време, поттикната и од актуелните случувања, вообличена е во рамките на една лична поетика - надреална и фантастична и дескриптивно-метаформична. Така, можеме да говориме заоткривањето на едно сопствено подрачје во уметноста на фантастиката кое крие во себе разновидни асоцијации и доживувања на еден специфичен свет, составен од стварност и имагинација. Тој паралелно негува цртеж, акварел и маслено сликарство. Цртежот е најнепосреден израз, лирскиот дел на неговото творештво. Акварелот, кој брзо се реализира, лирскиот дел од неговите сликарски преокупации, но секако како негов илустративен и декоративен дел. Ташковски работи во природа, како и по фотографски предлошки, преобразувајќи ги во свој стил визуелните податоци и сознанија. Авторот го изместува распоредот на елементите во природата и по пат на инверзија и преобраза, елементите ги поставува во поинакви релации и нов фантастичен контекст на значења - она што е долу може да дојде горе - и обратно, она што е природно секомбинира со она што е вештачко, а човечкото тело може да се "доработи" во некоја форма на растение итн. Пред неговите дела ќе се потсетиме намоменти на делата на С. Дали, Ив Танги, нанекои сликари од групата "Медијала" или на Ј. Момпер. Земјата, водата, дрвото, небото, се амбиент во кој помалку или повеќе агресивно навлегува новата техника и технологија. Необичните природни или вештачи организми и коегзистираат и дејствуваат заканувачки Ташковски третира прашања што го тангираат денешниот свет, на вознемиреност и душевен мир (серијата слики со мотиви на "плажи"). тпј практикува јога, слика библиски теми, историски и митски претстави, видени низ призмата на необичното и фантастичното - тој констатира, но и сонува за подобар свет осветлен со медитеранска светлина итн.

4.jpg 1.jpg2.jpg3.jpg5.jpg6.jpg7.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina