Дали имате критериум според кој ги бирате другарите?

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Дали имате некој критериуми според кој одбирате тоа дали ќе се дружите или не се одредена личност?
friend_pic.jpg
Кој се тие, што очекувате од другарот и најважно за што ве интересира највеќе кај него? =)

Јас ги бирам на следниве начини:
  • Да имаме повеќе заеднички работи
  • Да бидеме во близина за да може да се држиме повеќе во живо
  • Да слушаме ист тип на музика ( во мојов случај рап)
  • И исто така обврнувам дали личноста е физички активна (мислам како би имал и друштво доколку спортувам)
  • Да има повеќе слободно време како би се дружеле повеќе
Знам дека сум многу специфичен.. :D
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Прв впечаток што би се рекло, стекнувам од музиката што ја слушаат. Особено ако на таа личност и е омилен мојот омилен бенд... доволно е за мене да продолжам да се дружам. :D
Исто и други работи кои ми се омилени (звучам нарцосоидно, знам), како на пример, уметност, серии, фотографија, книги... Но на крајот на краиштата, да има слога е најважно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
нормално ...сите ние имаме по некој пресуден критериум

еве на пример јас...
.сакам другарка ми да нема предрасуди код одреден тип на луѓе...
.да слушаме ист тип на музика...со тоа заедно би излегувале и оделе на концерти...за мене мн битна работа
.да е малце крејзи ако не скроз :D
.и секако да се согласуваме на многу теми, да ме почитува колку толку, да не ме оговара зш не оговарам ни јас и тоа би било се.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Секако дека имам критериуми. Не се дружам со сите. Само што моите критериуми се малку повеќе и моментално ме мрзи да ги наведувам сите. Најбитно ми е да можам да разговарам на несекојдневни теми и да не е тип кој сака да се вклопи во општеството.
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
специфичен си, ова за слободно време посебно. значи сеа дека слушам јас турбофолк не можам другар да ти бидам? :rofl се шалам слушам рап, турбофолк мрзам:) е сеа критериуми мора да се има, секој си има свои интереси, ама некои работи како што се моралните вредности мислам дека се над сите критериуми без разлика дали другарот спортува или гледа турски серии
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: N|ghtmare_f

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
специфичен си, ова за слободно време посебно. значи сеа дека слушам јас турбофолк не можам другар да ти бидам? :rofl се шалам слушам рап, турбофолк мрзам:) е сеа критериуми мора да се има, секој си има свои интереси, ама некои работи како што се моралните вредности мислам дека се над сите критериуми без разлика дали другарот спортува или гледа турски серии
Фала богу дека нема да се дружам со некој што слуша турбо-фолк или немам многу заеднички работи што ќе правиме заедно и немаме заеднички јазик? :D
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Фала богу дека нема да се дружам со некој што слуша турбо-фолк или немам многу заеднички работи што ќе правиме заедно и немаме заеднички јазик? :D
фала богу дека не сакам да се дружам со турбофолкери :D поентата ми беше дека ретко може да се најде некој што ќе ги исполнува сите критериуми, посебно ако ги имаш многу и се високи, ама некој кога ќе ти помогне во невоља и ќе ти направи добрина, а не ги исполнува повеќето критериуми?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
шо е битно шо музика слуша или каква мода брка?
битно е да е човек
од секој можеш да научиш нешто, а некогаш во животот може да ти помогне најмногу тој кој најмалку очекуваш
а шо муабет би праеле?
таа ќе ме убедува зошто треба да слушам турбо фолк, а јас ќе ја убедувам зошто не треба :D
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Тоа дека треба да имаме заеднички интереси и работи е нормално, инаку за што би разговарале?!
Покрај тоа, моите критериуми опфаќаат:
-убаво и воспитано однесување: не сакам во друштво некој кој се однесува како вчера да слегол од планина да не речам како дивјак.
-морални и етички вредности
-да е љубител на животните и по можност нивен заштитник и борец за нивните права
-да нема некои пороци од типот на дрога и алкохол, цигари толерирам
-да знае да почитува
А кога се работи за другарка пожелно е да има развиена љубов кон штиклите, ама нормално дека ова не е задолжително.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci and Hip.Hop_MKD