Ќе почнам со две едноставни дефиниции.
Во македонскиот речник пишува вака:
„Среќа
(едн.) среќата
Вид збор: Именка, женски род
1. Чувство на длабоко задоволство од нешто; надворешна пројава на тоа чувство.“
Во Википедија пак вака:
„Среќата е чувство кое го поседува секој човек. Некогаш тој поединец не е свесен за среќата која ја има. Среќата може да биде различна. Се смета дека работите кои нè прават среќни се мали и безначајни а работите кои нè растажуваат се големи.“
И покрај тоа што двеве дефиниции се навидум јасни и сосема едноставни, мене ми изгледа по малку невозможно да се дефинира било кое чувство. Најмногу заради тоа што се работи за „област“ врз која и не можеме да влијаеме намерно. Можеби важат некои општи „правила“ во однос на тоа кога, како и во колкава мерка се јавува едно или друго чувство, но сепак, сите сме различни и на исти ситуации не секогаш, да не речам никогаш, реагираме исто.
Една паметна жена која секогаш ме наведува на размислување, nerzima, вчера напиша вака:
“Тој рече:
- Среќна ли си во животот?
Таа му одговори:
- Викаат немало среќни животи, имало САМО среќни денови.
Тој , гледајќи ја низ димот од цигарата :
- Зарем е така? Е па што е тогаш среќа?
Таа:
- Среќа е само една од многуте измислици на кои човекот им придал преголемо значење.
Тој :
- Зарем?
Таа:
- Зарем не? Пробај дефинирај ја …“
Ја отворив темава во Филозофија, намерно, зашто би сакала токму од филозофски, а не од психолошки аспект, да се обидеме да ја дефинираме среќата.
Кој е вашиот одговор на прашањето - Што е тоа среќа?