Среќа

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Ќе почнам со две едноставни дефиниции.

Во македонскиот речник пишува вака:
Среќа
(едн.) среќата
Вид збор: Именка, женски род
1. Чувство на длабоко задоволство од нешто; надворешна пројава на тоа чувство.

Во Википедија пак вака:
Среќата е чувство кое го поседува секој човек. Некогаш тој поединец не е свесен за среќата која ја има. Среќата може да биде различна. Се смета дека работите кои нè прават среќни се мали и безначајни а работите кои нè растажуваат се големи.“

И покрај тоа што двеве дефиниции се навидум јасни и сосема едноставни, мене ми изгледа по малку невозможно да се дефинира било кое чувство. Најмногу заради тоа што се работи за „област“ врз која и не можеме да влијаеме намерно. Можеби важат некои општи „правила“ во однос на тоа кога, како и во колкава мерка се јавува едно или друго чувство, но сепак, сите сме различни и на исти ситуации не секогаш, да не речам никогаш, реагираме исто.

Една паметна жена која секогаш ме наведува на размислување, nerzima, вчера напиша вака:
“Тој рече:
- Среќна ли си во животот?
Таа му одговори:
- Викаат немало среќни животи, имало САМО среќни денови.
Тој , гледајќи ја низ димот од цигарата :
- Зарем е така? Е па што е тогаш среќа?
Таа:
- Среќа е само една од многуте измислици на кои човекот им придал преголемо значење.
Тој :
- Зарем?
Таа:
- Зарем не? Пробај дефинирај ја …“

Ја отворив темава во Филозофија, намерно, зашто би сакала токму од филозофски, а не од психолошки аспект, да се обидеме да ја дефинираме среќата.
Кој е вашиот одговор на прашањето - Што е тоа среќа?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Некаде низ форумов имав пишано за ова, нешто слично на првата дефиниција.

Според мене среќата не постои, туку она што луѓето го нарекуваат така е чувство на задоволство од самите себе поради некоја работа што ја направиле. Задоволството од самиот себе е нешто многу блиско до гордоста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca and Scars31

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Среќата е релативен поим на самоисполнение со свои контра-ефекти.
Ако нештото за мене е среќа, за друг може е несреќа и обратно.
Едноставна дефиниција нема, се’ се сведува на секојдневни примери.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Според мене среќата како и љубовта, никогаш нема да имаат соодветни реченици што ќе дефинираат се’ комплетно.
Проста и едноставна причина за тоа се различните интереси на луѓето, различните сфаќања. Накратко, целокупната индивидуална интерпретација.

Кога се гледам во огледало и прашувам „Што е за тебе среќата?“ - некој глас во мене одговара „Присуството на сите личности што ги сакам околу мене. Доволното време за да ги завршам сите планови. Прегратките што ги добивам за добро утро.“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and WomanInRed

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Некаде низ форумов имав пишано за ова, нешто слично на првата дефиниција.

Според мене среќата не постои, туку она што луѓето го нарекуваат така е чувство на задоволство од самите себе поради некоја работа што ја направиле. Задоволството од самиот себе е нешто многу блиско до гордоста.

Точно,срекна и горда сум на внуците мои што ги имам,среќна сум на својата работа и горда на трудот свој што го вложувам и што сум го вложила до сега.
Но не сум горда до степен да го јачам егото на таа сметка,значи тоа е еден вид поинаква гордост а ако мислеше на гордост во таква смисла тогаш се согласувам.
Да,среќна сум на пример што ми дозволи убаво да те запознам,ете и тука поврзаност со гордоста,односно горда сум на себе си ако тоа сум го заслужила и не си ми го подарил туку така.
Постои среќата.
Среќата е дефиниција на чувството кога сме исполнети со позитивна енергија,чувството на задоволство од било што,успех,топлина,добар сон,пријатно друштво,љубов,новиот ден што ни го пружи животот....сето тоа со еден збор се нарекува среќа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Вчера полагав тестови за кола .. и на секој еден што ми рече среќно му реков фала ама не верувам во среќа.
Значи не верувам во такво нешто :)
 

Diamond

Полноправен Член
13 октомври 2012
33
23
8
Среќа е чувство, состојба. Не е предмет, но постои.
Не зависи само од човекот туку и од околностите.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Среќа е чувство, состојба. Не е предмет, но постои.
Не зависи само од човекот туку и од околностите.
ако среќата е чувство тогаш и таа е измислена
односно
исто како стравот, е лага, не е реална, туку само состојба која нема да смени ништо
односно
како тогаш среќата постои?
:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and slb_bobo