Рак (медицински термин: малигна неоплазма) е класа на болести каде што група на клетки пројавува неконтролиран раст преку поделба надвор од нормалните граници, напаѓање и врзување со соседните ткива, и понекогаш појава на метастази, кои ги шират клетките на други места во телото преку лимфниот систем и крвотокот. Овие три малигни својства го одвојуваат ракот од бенигните тумори, кои се самоограничени и не напаѓаат ниту метастазираат. Ракот е пред се предизвикан од животната средина, 90-95% од случаите се должат на начинот на живот и факторите на средината, додека 5-10% се наследни. Најчестите фактори на средината кои доведуваат до рак (15-20%) се: тутунот (25-30%), начинот на исхрана и преголемата тежина (30-35%), инфекциите (15-20%), зрачењето, стресот, недостатокот на физичка активност, и загадувачите на животната средина. Овие фактори предизвикуваат абнормалности во генетскиот материјал на клетките. Генетските абнормалности обично влијаат врз две општи класи на гени: онкогени и тумор супресорни гени. За дефинитивна дијагноза е потребно истражување на примерок земен со биопсија, иако првичните знаци на малигнитет може да бидат симптоматични или радиографски. Повеќето видови на рак можат да се лечат, и тоа вклучува хемотерапија, радиотерапија и/или операција. Врз прогнозата највеќе влијае видот на ракот и степенот на болеста. Иако ракот може да ги погоди сите старосни групи, ризикот се зголемува со возраста. Во 2004 година, ракот беше причина за 13% од сите смртни случаи (7.6 милиони).
Прашањето ми беше, дали и колку сте запознаени со оваа подмукла болест?! Алтернативни начини на третирање, хемотерапија да или не ..
Прашањето ми беше, дали и колку сте запознаени со оваа подмукла болест?! Алтернативни начини на третирање, хемотерапија да или не ..