Рак - чума на 21виот век

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Рак (медицински термин: малигна неоплазма) е класа на болести каде што група на клетки пројавува неконтролиран раст преку поделба надвор од нормалните граници, напаѓање и врзување со соседните ткива, и понекогаш појава на метастази, кои ги шират клетките на други места во телото преку лимфниот систем и крвотокот. Овие три малигни својства го одвојуваат ракот од бенигните тумори, кои се самоограничени и не напаѓаат ниту метастазираат. Ракот е пред се предизвикан од животната средина, 90-95% од случаите се должат на начинот на живот и факторите на средината, додека 5-10% се наследни. Најчестите фактори на средината кои доведуваат до рак (15-20%) се: тутунот (25-30%), начинот на исхрана и преголемата тежина (30-35%), инфекциите (15-20%), зрачењето, стресот, недостатокот на физичка активност, и загадувачите на животната средина. Овие фактори предизвикуваат абнормалности во генетскиот материјал на клетките. Генетските абнормалности обично влијаат врз две општи класи на гени: онкогени и тумор супресорни гени. За дефинитивна дијагноза е потребно истражување на примерок земен со биопсија, иако првичните знаци на малигнитет може да бидат симптоматични или радиографски. Повеќето видови на рак можат да се лечат, и тоа вклучува хемотерапија, радиотерапија и/или операција. Врз прогнозата највеќе влијае видот на ракот и степенот на болеста. Иако ракот може да ги погоди сите старосни групи, ризикот се зголемува со возраста. Во 2004 година, ракот беше причина за 13% од сите смртни случаи (7.6 милиони).

Прашањето ми беше, дали и колку сте запознаени со оваа подмукла болест?! Алтернативни начини на третирање, хемотерапија да или не ..
 
The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Има лек, веќе не е повеќе толку страшна чума.
Исто така има и природни лекови кои не требаат да се купат од аптека или да ги препише доктор како на пример ТЦГ- канабис.;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Гонзо

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Подмукла болест стварно :eek па не знам не сакам ни да знам, слушав на радио за некоја вакцина кубанска ли беше не ми текнува, па ќе ја тестирале сега и кај нас, се надевам дека ќе се најде лекот:unsure
 
990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Канабисот е мит. Еден документарец за тоа не докажува ништо. Има лек ако се открие на време. И не е THCто заслужно, туку канабинол, кој и човечкиот организам го содржи,му помага на имунитетот да се бори против инфекции.
 
The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Канабисот е мит. Еден документарец за тоа не докажува ништо. Има лек ако се открие на време. И не е THCто заслужно, туку канабинол, кој и човечкиот организам го содржи,му помага на имунитетот да се бори против инфекции.

Постои еден медицинско научен доказ кој гласи вака- уживателите на канабис имаат помали шанси да добијат рак, од тие воопшто што не пушат.
http://www.tokeofthetown.com/2011/01/worth_repeating_smoking_cannabis_does_not_cause_lu.php
http://www.sciencedaily.com/releases/2007/04/070417193338.htm
Меѓутоа да не ја мешаме дрогата со темата , постојат и други лекови.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=4026
 
990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Меѓутоа да не ја мешаме дрогата со темата , постојат и други лекови.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=4026
Знам за тоа, и тоа сакав да го кажам. Капиталистите незаинтересирани?! Зашто? Неможат да се богатат повеќе со животите на луѓето. Гамад. Треба да се убие.
Канабисот највише помагал за некоја форма на тумор на мозочни клетки, и бели дробови, како што имам читано негде..
 
The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Знам за тоа, и тоа сакав да го кажам. Капиталистите незаинтересирани?! Зашто? Неможат да се богатат повеќе со животите на луѓето. Гамад. Треба да се убие.
Канабисот највише помагал за некоја форма на тумор на мозочни клетки, и бели дробови, како што имам читано негде..
Нашите медиуми погрешно го разбрале проектот, дека не може да се патентира производот и со тоа да лапнат многу пари ...дрн дрн јарина.
Истражувањето е постаро од 11 години, значи првото било од 2001.
Истата супстанција е невротоксична со повисоки дози и е карцогена, затоа не се заинтересирани фармацевските компании.

Постојат повеќе начини на лекување на ракот, на пример пред неколку години излекуваа пациент со карцер на црниот дроб со прецизно микроскопско инјектирање на течност која нагло ја спушта температурата под нулата и на тој начин ги елиминира карцогените клетки.
Канабисот не може да излече секаков вид на карцер, само на бели дробови и кожа и секако тоа во најраните стадиуми.
Сакам да кажам дека постојат повеќе лекови, а за пример ги зедов овие две ме мрзи да ги барам документарките и сајтовите + тоа се на англиски треба и да преведувам.
 
Немораш да ги преведуваш. Не знаете само вие од Охрид Англиски :p
Се изнагледав и изначитав и ја све и свашта, откако на татко ми му дијагностицираа рак на дебело црево...
Тешка е борбата против тоа подмукло срање...