Количински јадам исто толку овошје колку што јадам зеленчик, али ако треба да бирам тогаш овошје
Сакам се‘ што може да се каже дека е овошје. Меѓу омилените ми се урма, банана, цреша, портокал.
Имам еден рецепт и често си го правам. Исечкајте ситно се што имате од овошје дома, ставете во подлабок сад, врз овошјето ставете неколку лажици мед, измешајте и попрскајте мелени/сецкани ореви. Мх, мх! Ем вкусно, ем здраво!
А што се однесува до зеленчукот, и од него скоро се јадам. Обично го конзумирам во салати. Периодов правам салата од зелка, морков, цвекло, дајкон, целер, брокула... Добивате шарена, вкусна и здрава салата
Што се однесува до овошјето, нутриционистите советуваат истото да се избегнува да се јаде навечер и веднаш после јадење. Не се искористуваат скоро сите витамини и во овие периоди дел од внесеното овошје се скапува во организмот а потоа се исфрла неискористено. За максимално искористување на хранливите состојки на овошјето се препорачува истото да се конзумира на сабајле, 20-30 минути пред појадокот.