Точно дека ги има. Ги имало, ги има сега, и ќе ги има за навек, но денеска секој може да биде високо образован .. се е корумпирано, мито се дава и прима насекаде. Имам познаници кои завршија у штип ИТ инжењер (Програмирање) , а незнаат формат на усб флеш драјв да си направат. Оние пак, што се посветиле на тоа и што си ја знаат работата, немаат работа. Затоа ми се свиѓа Титовиот концепт, колку кадри, толку студенти, плус минус нешто, пошто некој нема да заврши.
E другар, тука е разликата. Баш сега ја испраќам другаркава, си направивме муабет за работата во Австрија. Имено, кај нас ИТ инжењер што не знае да форматира УСБ ќе се вработи во државна компанија. Во приватна.... само ако е на татко му.
Кај нив не е така. Кај нив ќе те бива, за да најдеш работа. Ако не те бива, живеј (ако можеш) од социјална помош.
Мора да те бива, ако сакаш да живееш вистински. Ако сакаш откако ќе ги платиш сите сметки, да останат пари за тебе.
Ај замисли, во социјализам, ако си ИТ инжењер, а не те бива, демек нема да те вработат? Па мораат да те вработат. Пак ти е исто гомце. Ние глумиме капитализам, не е ова капитализам.
Расчисти го тоа.
Австрија, Германија, Швајцарија, и сите останати добри ЕУ земји се капиталистички (тука нели, во ,,добри,, не спаѓаат вукојебините како Бугарија и Романија, кои сепак се наши ,,балканци,, ). Тука секој, од најсиромав, до најбогат, не гледа квалитет некаков на створи, туку гледа да дрпне што повеќе може.
Затоа ниту социјализам, ниту капитализам, ниту било што нема да функционира.
И ваша Југославија не пропадна ради национализам. Пропадна ради економската криза која ве гризеше веќе 10 години.
Национализмот е изговор за народот. Но тоа е далеку од вистината.
Да, јас сум за капитализам. Но Шведски, Австриски, Германски капитализам.
Не ова што ние, Србите, Бугарите, Хрватите го глумиме.