Дали машките побрзо се заљубуваат од женските?

Дали машките побрзо се заљубуваат од женските?

  • Да

    Гласови: 16 29.6%
  • Не

    Гласови: 30 55.6%
  • Не знам

    Гласови: 8 14.8%

  • Вкупно гласале
    54

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Демантирам, се земам себеси за пример.
Шест долги врски, шест љубовни романи,
. Љубов е хемиска реакција која што се случува во мозокот, со доволно пракса можеш сам да си ја предизвикаш.
Браво бе дете...ептен ми се допадна излагањево и мое размислување е дека нема врска машко или женско,прво или второ,се си зависи од личноста.Дури некогаш се нервирам за некои работи кога се користат класификации и во нов термините машко/женско.
Само мала шала на ова шест долги врски,шест љубовни....ова она,ти колку години имаш што си имал дури шест долги,а уствари и што е долга кратка,малку ке сум и оф,ама ме замисли:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Демантирам, се земам себеси за пример.
Шест долги врски, шест љубовни романи, посебни приказни, различни стории, идеализирании фикции, сплетови на биохемиски супстанци, без никакви интереси, слични страсти, со една идентична цел љубов со благи нианси на размер.
Секоја нова љубов, нов предизвик, нов почеток, нова романса.
Напоменувам се работи за подолги цврсти врски, не некој новокомпонирани каде немаат благе везе од љубов. Мувањето и сексањето не се љубов, тие што така ги согледуваат работите се во голема заблуда.
Секој еден дечко кој го претставува својот карактер како либерте, неговиот однос спрема девојките е ноншалантен, вешто ги прикрива трагите на омраза и надразнетите нерви кон понежниот пол кои со тек на време ќе закрепнат, неговата верба за преродба на нова љубов никогаш нема да згасне.

Пс. Можеби не постојат принцови со бели коњи, принцези во златни кочии, Казановини ученици, но верувајте дека постојат дечки што знаат да се заљубат и по 100ти пат ако вие им дозволите и се воздржите од коментарот интерпретиран во цитатот.
Научен факт. Љубов е хемиска реакција која што се случува во мозокот, со доволно пракса можеш сам да си ја предизвикаш.

Верувај дека ти си еден од поретките машки што така си си дозволувал,и пак и пак да се заљубиш.
Тоа го почитувам многу.Не бегаш од чувствата туку си навлегувал во љубовта и си барал и си го наоѓал она најдоброто во неа.
Се надевам дека ќе си го најдеш она вистинското и ќе уживаш уште повеќе во него.
А не така трагично да завршува.
Тоа што јас го пишав го пишав од мое лично искуство.Обично сум налетувала на такви страшливци.
Потполно се согласувам дека во мувањето нема љубов само симпатија или некаква потреба.Ништо повеќе.Врска без обврска.
А кога се сака вистински имаш потреба од обврска во таа врска,да се јавиш,да го поминеш денот со љубениот/та,едноставно да имаш потреба од него/неа.
Љубовта е едноставно љубов,по која сите копнееме,која е толку блиску,а сепак далеку.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
зашто бе мора генерализации да се прават? Секој си е посебна приказна. Тоа е исто ко да кажам дека жените се глупи,а мажите се паметни или обратно. Колку брзо ќе се заљубиш не одредува полот на кој припаѓаш.
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
зашто бе мора генерализации да се прават? Секој си е посебна приказна. Тоа е исто ко да кажам дека жените се глупи,а мажите се паметни или обратно. Колку брзо ќе се заљубиш не одредува полот на кој припаѓаш.

Одредува, одредува :) Се е до очекувањата. Тоа е воспитувањето, така што... Како што кажав, најчесто мажите од 10 партнерки, 2 сакаат, а жените, од 10 партнери, 8 сакаат.
Жените се учени дека треба да бидат вљубени, да се грижат за некого, затоа и ретко се способни да бидат во врска во која не го сакаат партнерот - па според тоа, сами себе потсвесно си наредуваат некого да сакаат.
Кај мажите е обратна ситуацијата.
Разликата е во тоа што, жените толку пати сакале и преоболувале, што научиле ,,како да преживеат,,. Машкото страдање, е нешто што не сум видела жена да го искуси. Затоа што мажите ретко имаат такво искуство во ,,преболување,, :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Мортидо

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Одредува, одредува :) Се е до очекувањата. Тоа е воспитувањето, така што... Како што кажав, најчесто мажите од 10 партнерки, 2 сакаат, а жените, од 10 партнери, 8 сакаат.
Жените се учени дека треба да бидат вљубени, да се грижат за некого, затоа и ретко се способни да бидат во врска во која не го сакаат партнерот - па според тоа, сами себе потсвесно си наредуваат некого да сакаат.
Кај мажите е обратна ситуацијата.
Разликата е во тоа што, жените толку пати сакале и преоболувале, што научиле ,,како да преживеат,,. Машкото страдање, е нешто што не сум видела жена да го искуси. Затоа што мажите ретко имаат такво искуство во ,,преболување,, :)

Гледаш, и самата велиш дека се` е до воспитувањето и очекувањата. Не се согласувам и сметам дека е лично.