Јас сепак, сум за капитализам.
Не овој нашиов.. но капитализам сепак.
Не сакам јас да добијам помалку, за некој да живее подобро.
Не сочувствувам со сите, и ќе дадам од мојот леб, само ако сакам. Не сакам државата тоа да го прави во мое име.
Секој што е работоспосбен треба и да работи, не признавам социјални случаи кои се физички здрави (такво нешто нема во земјава, преголема е невработеноста).
Второ. Сакам да имам приватен бизнис. Мој, лично мој.
Дали ќе остварам капитал од 1000 евра, или 1 000 000 евра, моја работа.
Не прифаќам еден менаџер и една чистачка, да можат да одат на исто место на одмор.
Најголем мотив за работа се парите. А ако можам јас да вложам толку труд и енергија некаде, за на крај и некој што не вложува толку да може да си го дозволи истото што и јас... што?
Не сфаќам како добиваш помалку на сметка на другите кога во глобала владеат робовладетелски односи кои ги водат само неколку милијардери и банкари?? Не функционира ни здравствено осигурување , за мизерни плати и неограничени работни часови за само 4500 денари?? Во социјализмот здравството и студирањето биле бесплатни сега ќе отрпнеш давајќи пари да го завршиш факултетот и зошто???? Не можеш да се вработиш бидејќи некои новопечени богаташи кои си играат со судбината на народот. Експлоатација, мобиг уцени на секој чекор , нема средна класа туку цареви и слуги..
На крајот зошто да не можат да одат на исто место на одмор??? Нели е тоа потценување? Кога ќе се сфати можноста дека можат и менаџерот и чистачка да одат на исто место на одмор, да си дозволат ист одмор , е тогаш зборуваме за нешто што функционира... Менаџерот пак ќе си има повисока плата , помал дел од чистачката ќе одвои за тој одмор но секако нема да е експлоататор.