Социјализам или капитализам?

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Јас сепак, сум за капитализам.
Не овој нашиов.. но капитализам сепак.
Не сакам јас да добијам помалку, за некој да живее подобро.
Не сочувствувам со сите, и ќе дадам од мојот леб, само ако сакам. Не сакам државата тоа да го прави во мое име.
Секој што е работоспосбен треба и да работи, не признавам социјални случаи кои се физички здрави (такво нешто нема во земјава, преголема е невработеноста).

Второ. Сакам да имам приватен бизнис. Мој, лично мој.
Дали ќе остварам капитал од 1000 евра, или 1 000 000 евра, моја работа.

Не прифаќам еден менаџер и една чистачка, да можат да одат на исто место на одмор.

Најголем мотив за работа се парите. А ако можам јас да вложам толку труд и енергија некаде, за на крај и некој што не вложува толку да може да си го дозволи истото што и јас... што?
Не сфаќам како добиваш помалку на сметка на другите кога во глобала владеат робовладетелски односи кои ги водат само неколку милијардери и банкари?? Не функционира ни здравствено осигурување , за мизерни плати и неограничени работни часови за само 4500 денари?? Во социјализмот здравството и студирањето биле бесплатни сега ќе отрпнеш давајќи пари да го завршиш факултетот и зошто???? Не можеш да се вработиш бидејќи некои новопечени богаташи кои си играат со судбината на народот. Експлоатација, мобиг уцени на секој чекор , нема средна класа туку цареви и слуги..
На крајот зошто да не можат да одат на исто место на одмор??? Нели е тоа потценување? Кога ќе се сфати можноста дека можат и менаџерот и чистачка да одат на исто место на одмор, да си дозволат ист одмор , е тогаш зборуваме за нешто што функционира... Менаџерот пак ќе си има повисока плата , помал дел од чистачката ќе одвои за тој одмор но секако нема да е експлоататор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood and Jericho

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93

Јас не се чувствувам како роб, уште помалку некој од моите родители работи за мизерна плата. И тоа, не се сопственици, вработени се и двајцата. Второ, за се да биде бесплатно, треба никој да нема многу.
А јас како што реков, еве, ако сум јас директорот, аналогно на тоа имам и добра диплома (мастер, докторат.....) зад мене, имам најголем товар, а тоа е управувањето со некоја фирма, на мене се најтешките одлуки... зошто да одам во ист хотел со вратарот?
За мене сосема добро одговара системот - јади или ќе бидеш изеден. И во никој случај не поддржувам социјална помош доволна за преживување. Социјалната помош треба да го натера дотичниот социјалец да бара работа.
И ќе повторам, под капитализам не го подразбирам овој кој ние го имаме.

Најдобар пример ми е Австрија. Колку што знаеме, не е социјалистичка земја, а народот во главно добро живее. Ама народот знае и дека мора да работи. Другарка ми, работи од 24, 20 саати во денот, ама затоа има и пари секаде во светот да отиде. Се случи 3 месеци да нема работа, нормално земаше социјална помош, но истовремено мораше да аплицира по фирми (значи не и бараше државата работа, мораше сама да бара ако сака да добие социјална помош). Парите што ги добиваше беа далеку под просекот во Австрија, баш затоа, за да мора да бара работа, за да не може да живее пристојно со тие пари.

И како што гледам, најразвиените земји во светот, се капиталистички. Ние јадните, од феудализам не тутнаа во социјализам, па уште 100 години капитализам нема да на оправи.
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
До некаде се согласувам со тебе но не во целост :) реално гледано повеќето плати во нашиов капитализам ако може така да се нарече така , се мизерни а животниот стандард висок , секоја чест на исклучоците.
 
TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
До некаде се согласувам со тебе но не во целост :) реално гледано повеќето плати во нашиов капитализам ако може така да се нарече така , се мизерни а животниот стандард висок , секоја чест на исклучоците.

Затоа реков, капитализам, да, но не овој нашиов. Нашиов е срамота и капитализам да го наречеме.
 
990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Јас не се чувствувам како роб, уште помалку некој од моите родители работи за мизерна плата. И тоа, не се сопственици, вработени се и двајцата. Второ, за се да биде бесплатно, треба никој да нема многу.
А јас како што реков, еве, ако сум јас директорот, аналогно на тоа имам и добра диплома (мастер, докторат.....) зад мене, имам најголем товар, а тоа е управувањето со некоја фирма, на мене се најтешките одлуки... зошто да одам во ист хотел со вратарот?
За мене сосема добро одговара системот - јади или ќе бидеш изеден. И во никој случај не поддржувам социјална помош доволна за преживување. Социјалната помош треба да го натера дотичниот социјалец да бара работа.
И ќе повторам, под капитализам не го подразбирам овој кој ние го имаме.

Најдобар пример ми е Австрија. Колку што знаеме, не е социјалистичка земја, а народот во главно добро живее. Ама народот знае и дека мора да работи. Другарка ми, работи од 24, 20 саати во денот, ама затоа има и пари секаде во светот да отиде. Се случи 3 месеци да нема работа, нормално земаше социјална помош, но истовремено мораше да аплицира по фирми (значи не и бараше државата работа, мораше сама да бара ако сака да добие социјална помош). Парите што ги добиваше беа далеку под просекот во Австрија, баш затоа, за да мора да бара работа, за да не може да живее пристојно со тие пари.

И како што гледам, најразвиените земји во светот, се капиталистички. Ние јадните, од феудализам не тутнаа во социјализам, па уште 100 години капитализам нема да на оправи.
Се ставаш на место на директорот а? Ај стаи се на место на вратарот? Пусти комплекси ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jericho

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Се ставаш на место на директорот а? Ај стаи се на место на вратарот? Пусти комплекси ...

Не е важно на чие место сум. Реално, во животот денес, не сум ни вратарот ни директорот, секретарката сум. Го гледам вратарот и знам дека не смеам да одам надолу, дека морам да се борам и да станам директорот.
Не сум алтруист, и не ни глумам дека сум.
Сакам да остварам многу, и да имам многу.
И да, под многу подразбирам повеќе од другите.
И апсолутно се посветувам на таа борба, се откажувам од многу работи, само за да успеам.
 
990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Не е важно на чие место сум. Реално, во животот денес, не сум ни вратарот ни директорот, секретарката сум. Го гледам вратарот и знам дека не смеам да одам надолу, дека морам да се борам и да станам директорот.
Не сум алтруист, и не ни глумам дека сум.
Сакам да остварам многу, и да имам многу.
И да, под многу подразбирам повеќе од другите.
И апсолутно се посветувам на таа борба, се откажувам од многу работи, само за да успеам.
За да направиш поише од другите овде, ќе треба да крадеш од народот. А конкуренцијата ти е голема.
Сакам да ти ги посочам како пример ЕЛЕМ. Пред некое време барав работа кај нив, и еден човек таму ми рече: Дечко, ги гледаш оние слепцине онаму? Викам да. Ако сакаш работа овде, ќе треба да ги чекаш не пензија да земат, туку да умрат за да добиеш работно место овде. Каков е тој систем, извини?
 
Дечко, ако сакаш да дискутираш со мене, ќе мораш и да ми ги читаш мислењата.
Со тоа што го спомна зборот ,,овде,, значи дека не си прочитал ниту едно мое мислење.
 
990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Дечко, ако сакаш да дискутираш со мене, ќе мораш и да ми ги читаш мислењата.
Со тоа што го спомна зборот ,,овде,, значи дека не си прочитал ниту едно мое мислење.
Ти ги прочитав мислењата, затоа и го напишав тоа. Ако бараш успех во Македонија, мора да си таква. А тоа живот е на другарка ти?! од 24 сата, 20 на работа?!
 
TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Ти ги прочитав мислењата, затоа и го напишав тоа. Ако бараш успех во Македонија, мора да си таква. А тоа живот е на другарка ти?! од 24 сата, 20 на работа?!

Мојата другарка има избор, не мора толку да работи. Таа така сака.
А затоа што не си ги разбрал очигледно моите мислења, мислиш дека јас зборувам за ,,овде,,.
Кој ти рече дека ,,ова овде,, е добро?
,,Тоа таму,, е добро. Ти дава шанса. И тоа е - за мене - најважно.