Да, за се сум крива. Ако признаам позадоволен ќе си?
Ако признаам нема да си сам, нема да ти е мачен животот? Ќе има кој да го средува тоа што треба ти да го средиш? Ќе има кој да ти помага?
Да, крива сум. Посреќен си?
Излегуваш од дома за да избегаш од мене? Или од моите зборови? Болни се?
Болно беше и се уште е она низ што јас поминувам... Ама тоа не е доволна причина да бегам од дома и од реалноста...
Бегањето од дома и од секаков разговор со мене нема да ги реши нашите проблеми, тие ќе се зголемуваат само...
Никогаш не си доволно задоволен од мене, секогаш ми наоѓаш маани.
Кога не сум тука, не ти се седи без мене, кога сум тука само маани ми бараш... Па што сакаш од мене?
Еве, следнава недела ќе си сам, откриј дали повеќе ја сакаш самотијата или моето друштво и нередот кој го оставам...
Откриј го она што го знаеме.
Се ќе беше полесно ако имавме заеднички цели и приоритети. Ама твоите се да се жалиш нонстоп и за ништо да не придонесуваш. Моите се да го правам она што можам за да ни биде подобро....
Знам, утре се ќе биде подобро. Утре ќе сме пак најдобри.
А денес, денес ќе ги пакувам куферите и ќе мислам на нешто попозитивно.