Демантирам, се земам себеси за пример.Не.
Машките се големи страшливци.Се плашат да се заљубат.
А посебно ако еднаш се заљубувале во животот.
Уште потешко им е да се одлучат да се заљубат повторно.
Најтешки се тие машки,најтешко може да се дојде до нивните срца.
Е ако се успее тоа е богами успех.
Шест долги врски, шест љубовни романи, посебни приказни, различни стории, идеализирании фикции, сплетови на биохемиски супстанци, без никакви интереси, слични страсти, со една идентична цел љубов со благи нианси на размер.
Секоја нова љубов, нов предизвик, нов почеток, нова романса.
Не сакам да го детализирам моето љубовно резиме меѓутоа во кратки црти ќе дооловам аргументи од истите.
Некои ги гледав како утеха за претходната, некоја како престиж апсолутен сопатник на мојот живот, некоја како невиност и меѓуесебно експериментирање, но во секоја сум побарал барем трошка совршенство во кое сум го пронашол и сум се заљубил, тоа го потврдува фактот дека врската продолжува и понатаму.
Споделувањето на среќните и несреќните моменти, карактерното проучување, согласноста на мислењата , публикување на интимата го потикнуваат љубовниот хормон да лачи во изобилие како производ, чиј пласман претставува системот на потреби, навики,интереси кој избива на пазарот во очите на другите како писхолошка поврзаност помеѓу паровите.
Секој брилијантен старт- крај трагичен.
Крајот резултира преценување на послабиот, каде сите фасцинантни ствари преминуваат во обични каде жарот згаснува.
Недовербата на една индивидуа во твојот живот, не значи да ти ја згрози иднината и новите следбеници да патат индирекнто како ремет на дотичната.
Напоменувам се работи за подолги цврсти врски, не некој новокомпонирани каде немаат благе везе од љубов. Мувањето и сексањето не се љубов, тие што така ги согледуваат работите се во голема заблуда.
Секој еден дечко кој го претставува својот карактер како либерте, неговиот однос спрема девојките е ноншалантен, вешто ги прикрива трагите на омраза и надразнетите нерви кон понежниот пол кои со тек на време ќе закрепнат, неговата верба за преродба на нова љубов никогаш нема да згасне.
Пс. Можеби не постојат принцови со бели коњи, принцези во златни кочии, Казановини ученици, но верувајте дека постојат дечки што знаат да се заљубат и по 100ти пат ако вие им дозволите и се воздржите од коментарот интерпретиран во цитатот.
Научен факт. Љубов е хемиска реакција која што се случува во мозокот, со доволно пракса можеш сам да си ја предизвикаш.