Крај на светот, катаклизми, пророштва...

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Дали верувате дека на светот ќе изчезне во текот на оваа година или е уште една успешна филмска приказна дирекно од Холивуд?
2012-wallpaper-7.jpg
Според мене се ова се само една глупава измислица и дека нема врска ништо со ова, дека сите ќе си живееме нормално. :) А, единствена закана за човештвото е самиот човек..
 

Smiley_1996

Истакнат Член
14 февруари 2012
345
802
393
Кумановоoo !
Се случуваат работи што треба да се случат,за предвидување на крај на светот...Добро е што се случуваат едно по друг... Да се случеа во еден ден ке биде крај на свет...Цунами во Јапонија,Земјотрес во Америка,Неочекуван снег,Невреме во Куманово
. . .Така ми рече еден човек ...Незнам дали е во право,вие проценете сами . . . :)
http://www.idividi.com.mk/futurama/nauka/747044/index.html http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Nauka/topenjeto-na-mrazot-na-arktikot-e-tempirana-bomba
http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Nauka/nauchnicite-zagrizheni-severniot-pol-ischeznuva

http://www.idividi.com.mk/panorama/zanimlivosti/747830/index.htmlhttp://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Nauka/habl-snimi-vselenski-angel-foto
http://www.idividi.com.mk/futurama/nauka/746544/index.html
http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Nauka/nastanuva-nov-ostrov-vo-evropa-videohttp://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Nauka/otkriena-tajnata-na-dozhdovite-od-mrtvi-ptici http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Nauka/nebesno-cunami-vo-amerika-video
. . . Има уште , неможам сега да ги најдам ...
:trca
:wavespin :mstickle :kafe

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
ej kolko samo besHe zaebano : ) grat padasHe krsHesHe afta ej : ) baba od 70 godine vika deka u zivot ne videla takfo nevreme

nema mogukje da ima kraj na sfet : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
И јас мислам дека е измислица, нели и лани имаше за крај на светот па еве живи здрави сите.:kafe
Ако има прво во Австралија ќе има крај на светот. :D
 

Pterodactyl

Нов член
18 февруари 2012
10
5
3
Името „Нибиру“ (Nibiru). Потекнува од Сумерите, народ кој живеел на подрачјето на реките Тигар и Еуфрат, или денешен Ирак, и е најден на написи кои датираат од околу 3 000 г.п.н.е. Зборот во превод значи „планета на поминување“. Според тоа каков мит се роди од оваа наводна планета, името ѝ одговара. Инаку, името се споменува и во конотација со планетата Јупитер, ѕвездата Северница и со 10-тата планета, која постоела според Сумерската космологија. Значи, идејата е дека „во 2012 година во близина на Земјата ќе помине планета со големина на Јупитер, со што ќе дојде до масовно изумирање на луѓето и сите живи организми на нашата планета“.

Да, доколку таа би била масата на планетата и би поминала во близина на Земјата, сигурно би имало несакани последици. Но, за тоа потоа. Сè уште не сме дојдени до тој степен, за да размислуваме за евентуално уништување на нашата планета од некое вакво тело. Доколку би се случила некоја ваква катастрофа, повеќе треба да се плашиме од удар на некоја комета или, пак, астероид, кои се многу поголема опасност за Земјата од наводните планети скитници.

Наводната планета Нибиру, би требало да помине низ Сончевиот систем во 2012 година, што е за многу краток период, гледано астрономски. Податок за нејзината брзина на движење нема. Но, тука доаѓа еден друг заклучок. Штом таа планета за 4 години треба да помине низ Сончевиот систем, таа веќе би се наоѓала во него. Или, ако се работи за некое тело што има многу голема брзина, што се ближи до брзината на светлината, тогаш планетата би се наоѓала некаде близу до Сончевиот систем. Ова второто е многу голема невозможност, бидејќи за да добие такво забрзување, планетата би требало да помине покрај некое тело со огромна гравитациона моќ, како што се црните дупки. Но, тука има и уште една друга теоретска невозможност, за која досега не сум слушнал дека може да се случи, (ама, сепак, да не ја исклучуваме), а тоа е планетата да настанале во орбита околу некоја ѕвезда и потоа со некоја „магична моќ“ да добие такво забрзување со што би ѝ избегала на гравитацијата на матичната ѕвезда и би патувала слободно низ меѓуѕвездениот простор. Планетите околу ѕвездите настануваат скоро во истиот период кога се формира и матичната ѕвезда, и тоа од остатокот од протопланетарниот облак околу нив. Ѕвездата во текот на својот живот поминува низ бројни фази, но патеките на планетите околу неа не се менуваат. Сонцето за 5 милијарди години ќе стане една голема ѕвезда, т.н. црвен џин, за потоа да се претвори во бело џуџе – ѕвезда со димензии колку димензиите на нашата планета (околу 12 000 km). Но, нејзината маса останува иста, па така ништо нема да се промени во однос на пропорциите на Сончевиот систем.

Дури се наоѓаат и наводни фотографии од оваа планета на интернет. Има дури и цртежи за нејзината наводна орбита околу Сонцето. Ако тоа е всушност таа орбита, значи Нибиру сега би била во близина на Сатурн, според времето кога треба да помине во близина на Земјата. Според нејзината големина и растојанието што го има, би значело дека секој од нас би ја видел како една ѕвезда на небото. Доколку сте имале можност да станете деновиве пред да изгрее Сонцето и сте погледнале кон исток, сигурно сте ги виделе планетите Јупитер и Венера близу една до друга. Значи и Нибиру би се гледала како нив, но најверојарно со нешто помал сјај. Има толку многу аматери астрономи низ светот. Досега некој од нив сигурно би ја забележал, со оглед на тоа што има астрономи кои напамет ги знаат ѕвездите и нивната позиција на небото, па така овој невообичаен феномен сигурно нема да им побегне од очи.
Како за крај ќе кажам дека ова е само еден убав маркетинг трик, кој во денешно време го применуваат многу пишани и електронски медиуми, со цел за зголемување на нивната читаност/гледаност. Но, постојат работи за кои, доколку се пласираат во пошироката јавност, треба да се има многу добри докази. Ваква информација за луѓето значи паника и е многу невкусно истата да се пласира. Има тука една многу убава логика - доколку сево ова беше вистина, сите вести би започнувале со оваа информација.

Со ова што го напишав не сакам кон никого да посочувам и да изнесувам критики. Овој натпис значи само едно разјаснување на работите, кои ги затекнаа многу од граѓаните на Македонија со наводната апокалипса во 2012 година.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
јас мислам дека ова е само некаков вид кампања за перење на пари
како што беше во мај минатата година
ако светот се рушеше толку лесто до сеа требаше да биде рушен:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD