Занимливости

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Не сте многу стари ама...
1. Првиот дел на Матрикс излезе пред 12 години, а Киану денес има 46.
2. Мајка Тереза и Лејди Дијана се починати цели 14 години.
3. Терминатор 2 е 20 години стар филм.
4. Шон Конери има 80 години и е во пензија.
5. Првата книга за Хари Потер беше објавена пред 14 години.
6. Децата родени во 1993-та, дена легално можат да возат, да пијат и да гласаат на избори.
7. Паркот Јура е постар од Џастин Бибер.
8. Фејсбук постои веќе 7 години.
9. Windows XP беше објавен пред 10 години, во 2001-ва.
10. Пирс Броснан последен пат беше Бонд пред 9 години.
11. Пројдоа 10 години од нападите на кулите близначки.

извор: www.on.net.mk

  • Цивилизираниот свет од изминативе 3.500 години историја, само 230 години живее во мир.
  • Најголемото дрво на светот Шерман, е високо 91 метар.
  • Кикириките се користат при изработка на динамит.
  • Земјините тектонски плочи се движат со иста брзина со која расте и човечкиот нокт.
  • На Земјата, секој ден е подолг од претходниот за 0,00000002 секунди, заради намалување на земјината брзина.
  • Гепардот е единствен од родот мачки кој не може да ги вовлече своите канџи.
  • Кечапот потекнува од Кина.
  • Пчелите и желките се наглуви.
  • Шах-мат на арапски значи “кралот е мртов“.
  • Болката во телото се движи со брзина од 110 m/s.
  • Најголема светска фирма е индиската железница. Има повеќе од милион вработени.
  • Ајнштај почнал да зборува на 6 години.
  • Прв e-mail преку Интернет е пратен во 1972 година.
  • Скарата ја измислил Леонардо да Винчи!?
  • Кравата може да се опијани ако се храни со јаболка.
  • Хитлер и Наполеон имале по еден тестис.
  • Грчката химна има 158 строфи. Не постои грк кој ја знае химната на памет.
извор: www.crnobelo.com

14 факти кои не сте ги знаеле за своето тело
1. Отисок од јазикот
Имено, исто како и прстите, и јазикот на секоја личност на светот има единствен отисок.
2. Перутање
Не создава само вашиот љубимец хаос со перутање по ќошињата на собата. И човекот создава првут и отфрла околу 600 илјади честици кожа секој час. Тоа значи дека секоја година вашиот стан ќе биде „побогат“ за околу половина килограм мртви клетки, секако ако не го чистите. Просечен човек за 70 години ќе отфрли неверојатни 47 килограми кожа.
3. Број на коски
Возрасен човек има неколку коски помалку од бебињата. Се раѓаме со околу 350 коски, но поради нивното сраснување во текот на растот завршуваме само со 206.
4. Паметење на мириси
Вашиот нос не е осетлив како оној на кучето, но затоа може да запомни 50 илјади различни мириси.
5. Долги црева
Тенкото црево е околу четири пати подолго од висината на просечен возрасен човек. Бидејќи е долго 5-7 метри не би можело да го собере во стомакот ако не е извиткано.
6. Бактерии
Секој квадратен сантиметар на вашата кожа е прекриен со околу шест милиони бактерии, но за среќа повеќето се безопасни.
7. Извор на непријатен мирис
Извор на непријатен мирис на стапалата и пазувите е потта, а луѓето излачуваат со литри течности преку стапалата. Секое стапало има повеќе од 500 илјади потни жлезди и може да произведе повеќе од половина литар пот дневно.
8. Брзина на кивање
Воздухот во текот на кивањето патува со брзина од 160 km/h или повеќе, што е доволна причина да ставите рака пред носот и устата.
9. Крвоток
Крвта поминува многу долг пат: кога би се надоврзале сите крвни садови од човековото тело еден на друг, нивната должина би била 60.000 километри. Покрај тоа, вредното срце пумпа 7,5 илјади литри крв секој ден.
10. Количина на плунка
Во текот на животот просечен човек произведува 25.000 литри плунка што е доволно да се наполнат два базена.
11. Потреба за сон
Дали сте знаеле дека без храна можете да издржите со недели, но без сон ниту единаесет дена?
12. Крчење
Од 60-тата година на живот 60% мажи и 40% жени крчат. Меѓутоа, звукот на крчење може да ги оглуви. Иако просечното крчење произведува бучава од 60 децибели, што е еквивалент на гласност на нормален разговор. Некои луѓе можат да произведат и 80 децибели звук со крчење. Тоа е гласно колку и пневматска дупчалка за цимент. Нивото на бучава од 85 децибели се смета за штетно за човековото уво.
12. Боја на коса и број на влакна
Бојата на косата помага да оцените колку е густа вашата коса, а во тоа водат блондинките. Просечен човек има околу 100 илјади фоликули на влакна од кои секој е способен да произведе 20 независни влакна во текот на животот на човекот. Блондинките имаат 146, оние со црна коса имаат околу 110, додека луѓето со црвена коса имаат најмалку густа коса – во просек 86 илјади фоликули.
13. Нокти
Ноктите најбргу растат на прстите кои најчесто се употребуваат. Затоа секогаш ќе имате подолги нокти на раката со која што пишувате и тоа на најдолгиот прст. Во просек, ноктот расте околу 2 милиметри месечно.
14. Глава
Не е чудно што бебето во почетокот не може да ја држи главата исправено. Имено човековата глава е една четвртина од нашата височина при раѓање, но подоцна е долга една осмина од вкупната височина.

извор: www.crnobelo.com

Факти за МекДоналдс кои не сте ги знаеле
  • „Мекдоналдс“ послужува еден отсто од светската популација секој ден;
  • Секоја секунда продаваат повеќе од 75 хамбургери;
  • Доколку „Мекдоналдс“ беше држава, нејзината економија ќе беше 90-та по ред во светот по големина. Годишно, синџирот остварува приходи во висина од 24 милијарди американски долари;
  • Ако на оваа сума ги додадеме и 32 милијарди долари што ги остваруваат франшизите, „Мекдоналдс“ би се искачил на 68-мото место и би имал поголема економија од земја како Еквадор;
  • „Мекдоналдс“ секоја година најмува еден милион работници во САД, а според компаниските проценки, еден од осум работоспособни Американци некогаш бил нивен вработен;
  • „Мекдоналдс“ е најголемиот светски дистрибутер на играчки, а секој петти нивен оброк содржи една;
  • Нивното лого е попрепознатливо од христијанскиот крст (според едно интернационално истражување, 88 отсто од испитаниците го идентификувале логото, додека само 54 отсто од нив го препознале христијанскиот крст);
  • Англиската кралица поседува еден ресторан во гратчето Слау;
  • Во текот на наредните три години, „Мекдоналдс“ во Кина, во просек, ќе отвора по еден ресторан секој ден;
  • Во 18 земји во кои синџирот е присутен постои и опција за домашна достава. Штета, Македонија е одмината;
  • Половина милијарда тони говедско месо (пет и половина милиони глави добиток) се јадат само во американските ресторани;
  • И, најдоброто за крај – иако е една од најголемите светски корпорации, „Мекдоналдс“ има и локални менија. Во Јапонија има сендвичи со суши, Индија мени со кари, Израел го има нивниот национален ќебаб во изведба на „Мекдоналдс“, Шпанија – гаспачо супа... и многу, многу повеќе регионални опции.
извор: www.http://money.mnogoo.mk
На темава можете да споделувате секакви факти и занимливости :)
 

Alex M.

Староседелец
17 февруари 2012
330
523
693
London,UK
-Луѓето кои пишуваат со десна рака најчесто ја џвакаат храната на десна страна, а леваците џвакаат на лева.


-Возможно е да не плачете додека лупите кромид, доколку истовремено џвакате и мастика.-


-Сокот од боровинки ја зајакнува меморијата.


-Зеницата на окото се проширува за 45% кога гледаме во нешто кое ни се допаѓа


-Децата на шест годишна возраст се смеат просечно по 300 пати на ден, а возрасните само 13 пати


-Морските ѕвезди немаат мозок

-Прв производ кој имал бар код се мастиките Вриглис


-Прашината во вашиот дом во најголем дел се создава од мртвите ткива на кожата.
-Бадемите припаѓаат на семејството праски


-Не можеш да кивнеш со отворени очи.


-Секогаш кога киваш твоето срце запира.



Интересно ..:) Ако имате некои други факти споделете :D









 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
  • Во Велика Британија се конзумира најмногу сладолед од цела Европа.
  • Семките од јаболко содржат цијанид.
  • Една личност, во просек, би поминала пет години јадејќи во текот на својот живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto and Alex M.

Alex M.

Староседелец
17 февруари 2012
330
523
693
London,UK
Доматот и краставицата се овошја
Октоподот има 3 срца
Медот е единствена храна која не се расипува
Ноевите не можат да се движат наназад
На Исланд Гренланд и Антартик нема мравки :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca and Hexasto

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
382
516
393
Ако ги издвоиме сите ДНК молекули од нашите клетки и ги поврзиме една по една можеме да направиме ланец кој би стигал до сонцето и назад ЦЕЛИ 600 пати...па и повеке:D
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Занимливости кои би ѝ значеле на секоја ДАМА :

* Дали знаевте дека доколку куклите од излозите би биле вистински жени, тие би биле преслаби за раѓање деца ?
* Кога Barbie би била вистинска жена, би морала да оди на четири нозе, бидејќи со оглед на нејзините пропорции, таа не би можела да стои исправено.
* Мерилин Монро носела конфекциски број 42. Земете во предвид дека конфекциските големини во последните години претрпеа огромни промени. Тогашната големина 42, е денешна 44. Мерилин Монро беше секс симбол и никогаш никој од нас нема кажано „ Ама е дебела оваа “.
* Просечната жена има околу 66 килограми.
* Фотографиите на моделите во списанијата се обработувани… значи, ни тие не се совршени.
* Спроведено испитување покажало дека после 3 минути читање моден магазин, 70 % од жените се чувствуваат депресивно
* Пред 20 години, моделите имале 8% помалку килограми од просечната жена. Денес, имаат 23 %.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and LadyInPink