Хороскоп на љубомората

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Гледам Астрологија сакате и се интересирате дали ќе ви погодат епа, ајде и хороскоп на љубомората.. :D



Овен
Вашите сентиментални односи се јасни и точни. Секогаш се чувствувате сигурни во себе. Кога ќе ве обземат страстите станувате многу чувствителни. Вие сте “мајчински“ тип, кој цврсто и сигурно се грижи за своите блиски. Заради оваа особина исто така љубоморно ја чувате и саканата личност.
Бик
Кој ќе се одлучи да биде со вас, ризикува многу затоа што Биковите се исклучиво љубоморни личности. Положбата е трагична ако вашиот партнер не сака да биде ваш роб. Ако изберете Водолија или Скорпија ќе ви биде многу полесно. Тие имаат многу лицемерност во себе така што ќе ви го кажат тоа што сакате да го чуете.
Близнаци
Давате впечаток на неутрална и рамнодушна личност, а во суштина сте одличен глумец кој одлично ја игра секоја улога. Сакате да бидете господар на саканата личност и да управувате не само со нејзината љубов туку и со материјалното богатство.
Рак
Вие сте нежно и чувствително суштество кое длабоко се врзува за својата љубов, а од својот партнер бара дупло повеќе почит и разбирање. Правите често љубоморни сцени, најчесто и без потреба, и ја нарушувате хармонијата во врската. Премногу ги анализирате постапките на својот партнер, а при тоа заборавате како се однесувате вие со него.
Лав
Секогаш истакнувате дека љубомората е глупост, но не сте сигурни во себе и секогаш го следите партнерот – каде оди и со кого разговара. Длабоко сте љубоморни, но го криете тоа во себе не сакајќи да ја нарушите сопствената гордост и достоинство. Но, кога сте сами со партнерот избива вистинска река од љубоморни префрлања.
Девица
Секогаш сте разочарани од љубовта и го обвинувате партнерот. Кога тој ќе погледне во друга личност губите тло под нозете. Погледнете се себе си и ќе видите дека и вие сте прекрасна личност. Вратете ја самодовербата и заборавете на љубомората.
Вага
Вам ви е неопходна заштита и сигурност. Ве плаши помислата да ја загубите саканата личност. Но, кога ќе ве напуштат за брзо време се враќате во форма и наоѓате замена. Вие постојано кокетирате со љубоморните изливи и тоа ви одговара.
Скорпија
Никогаш не се срамите од својата љубомора. Сакате да приредувате љубоморни сцени и тоа во јавност. Ако некој не ве познава доволно, никогаш не би рекол дека сте љубоморна личност. Надарени сте со голема самодоверба и итрина.
Стрелец
Секогаш победувате во љубовните конфликти. Вашето мото е “Имам голема самодоверба!“ и многу добро се согласувате со својот партнер. Љубовта за вас е убава работа, но ве обзема повремено. Заради тоа и не патите од љубомора.
Јарец
Премногу сте горди и заради тоа не подлегнувате на љубомора. Дури и кога ќе се појави благо чувство на љубомора, ви поминува брзо. Се водите од мислата “Ако веќе е со мене, ќе мора да остане со мене засекогаш!“
Водолија
Љубовта ја менувате со секс и затоа многу ретко патите од љубомора. Ваш принцип е “Секој од нас мора да има свој живот, но добро ни е и во двојка“ . Сепак, често вие сте жртва на љубомора и во тие моменти не можете да сфатите што е тоа што создава недоразбирање во љубовта.
Риби
Вие сте романтична личност и често плачете заради невозвратена љубов. Мислите дека можете да се одмаздите, но тоа се само пусти сништа. Во животот сте многу примерни и смирени и не знаете што е тоа љубомора.
Превземено од ЦрноБело.цом
 

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Риби
Вие сте романтична личност и често плачете заради невозвратена љубов. Мислите дека можете да се одмаздите, но тоа се само пусти сништа. Во животот сте многу примерни и смирени и не знаете што е тоа љубомора.
Многу точно за жал :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: end. and marjan

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Стрелец
Љубовта за вас е убава работа, но ве обзема повремено.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alex M.

marjan

Истакнат Член
13 февруари 2012
489
657
93
Bitol, Bitola, Macedonia
Риби
Вие сте романтична личност и често плачете заради невозвратена љубов. Мислите дека можете да се одмаздите, но тоа се само пусти сништа. Во животот сте многу примерни и смирени и не знаете што е тоа љубомора.:p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: end.

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Бик
Кој ќе се одлучи да биде со вас, ризикува многу затоа што Биковите се исклучиво љубоморни личности. Положбата е трагична ако вашиот партнер не сака да биде ваш роб. Ако изберете Водолија или Скорпија ќе ви биде многу полесно. Тие имаат многу лицемерност во себе така што ќе ви го кажат тоа што сакате да го чуете.

Ауу ова да точно дека сум љубоморна а и дечко ми е Водолија- лицемерен е :D