Нови рестриктивни мерки за невакцинираните - корисно или претеризам?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
После Австрија, каде на невакцинираните сериозно им се нарушија основните права за одење на работа, извршување секојдневни обврски, па дури и обично шетање, се најавуваат слични мерки и кај нас.
Наводно, новите предлог-мерки се оној што нема барем една доза вакцина, нема да може да влезе скоро никаде, дури ни на работа, а ако сака да продолжи невакциниран, ќе треба да прави тестови на секои 72 часа и секако, со свои пари.
Засега ова важи само за здравствените работници и оние што работат во јавниот сектор, но не се исклучува можноста да се прошири и кон приватниот сектор.

Моето мислење е навистина поделено. Од една страна сакам секој да има свој избор и навистина не ми е гајле дали некој не сакал да се вакцинира пошто ќе го чипирале, читал статија некаде или навистина има здравствени проблеми поради кои е ризично да се вакцинира, но од друга страна па сметам дека барем медицинските лица треба да се заштитени.
Сабајлево читав што пишуваше девојче татко ѝ што се заразил во болница дури бил на преглед за друго, отишол човекот за 4 дена. Секако, тука има многу прашања да се одговорат пред да се впери прстот дека докторот бил заразен, но генерално по јавниве здравствени установи е мизерија. Отсекогаш било ултра валкано и недезинфицирано. Колку случаи знам што испофаќале бактерии низ годиниве дури пробуваат да дадат мокрача за рутинска проверка само...
Бремена другарка се зарази со Ковид откај гинекологот, па се испозаразија две семејства. Среќа сите се извлекоа, кој полесно, кој потешко.
Поради вакви причини сум да се вакцинира секој што може пошто сепак се намалуваат шансите за зараза и потешки компликации. Само раја не може да се убеди дека вакцината т.е. ништо на светов не те прави 100% имун на нешто.

Е сега, но што правиме со слободата на избор и човековата слобода општо? Тука пропаѓа во вода целата замисла за слободно и демократско општество (леле, ко Маленко да го пишува ова) и настанува поделба меѓу самите луѓе. Гледам си исповадија очи на социјалниве мрежи, ко демек ќе се разубедат едни со други ако се изнавреѓаат.
Денес работници, што утре ако се наметне да не можеш да излезеш од дома без сертификат? Оно па демек сертификатите некој ги чита. Ги имам и мојот и сертификатите на моите симнато на телефон, 2-3 пати приметив дека нивен сум покажала, а никој не загледува ништо.
А што па ако имаш една доза, демек си заштитен и е океј веднаш да одиш на работа? Пошто очигледно тоа е планот, а логика никаде нема. Да не ќе им даде некој 2 недели дома дури да развијат антитела?
А демек па огромен процент од овие по јавна администрација одат воопшто на работа? :D
Абе... АБЕ!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Одамна го предвидував ова за што можат да посведочат постови низ темиве.
Фашизмот зачекори во реалноста, а како таков има сериозен број подржувачи.
Срам ми е што делам иста билошока форма со лицата кои подржуваат фашизам.
Со ваквите мерки илјадници луѓе се осудуваат на смрт. Неможноста да се купат лекови, да се заработува, да се купи храна и воопшто да се излезе од домашен притвор се наметнаа како нешто пожелно.

Што правиме со нас, особи кои не смеат да примаат вакцина поради можна кобна реакција на истата? Дали ќе бидат принудени да го ризикуваат животот за да бидат наградени со дозвола да одат до пиљара или не?
Не би сакал да кажам јавно што мислам за лицата кои поддржуваат вакви мерки, не сакам да ги сфатам зошто то го прават како што не сакам да сфаќам што терало луѓе да бидат Капо во Концлогори, бидејќи има луѓе кои ми се блиски па ајде као за мир у кучи и мир на форум.
Само да се знае дека таквите лица активно пропагираат ликвидација на луѓе кои на пример, не смеат да се вакцинираат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Мислам дека мора да се воведе исклучок за луѓе што едноставно не смее да се вакцинираат, исто ко што беше исклучокот да може да излегуваат луѓе со посебни потреби за време на полициски (гледаме па и што ефективно беше и тоа, хах).
Не знам како на тепка донесуваат вакви ствари, па после, според жалбите и предлозите на луѓето т.е. откако ќе се измолат и изнервираат луѓе, преправаат за да овозможат нешто најосновна потреба да извршиш.
Завршија сега митинзите и гласањата, пак имаме ковид, нели?
Ќе испадне дискотеките смее отворени, ама леб да си купиш - никако.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Добро, очекувано беше да има протести бидејќи и јас би излегла за поддршка на оние што не можат да се вакцинираат, а ќе треба да им се бара сертификат. Нонсенс.
Единствено ме лути што се најгласни овие што „прават сопствени истражувања“ седејќи на вц шољата и читајќи глупости од српска штампа за некакви масонски планови баш со Радојко из Прокупље.
Деновиве на Твитер се вклучувам да слушам Спејс (му иде нешто како Твитер Дискорд каде може да се собираат повеќе луѓе и да зборуваат) и многу тешки глупости тропаат Србиве. Не знам, сега им е на тапет графен оксид. :D

Има некаков предлог работодавците да плаќаат PCR тестови за вработените што не се вакцинирани. Ако пројде ова, ќе имаме мнооогу луѓе без работа пошто скоро никој „газда“ нема да се нафати да им плаќа на 3 дена тест.
Мислам, пак ќе речам дека жал ми е за оние што навистина не можат, не забеганиве по чипови што протестираат со фолии на глава... за нив имам друг вид жал и разбирање пошто толку сече.
 
Долго и широко прашање се слободите на поединецот во рамките на некој систем, сосема необјасниво е зошто некој мисли, дел од граѓанството, или смета дека луѓе на никаков начин поврзани со нив, нит фамилијарно нит емотивно никако (политичарите) им го мислат арното, дека ги штитат од нешто, дека се грижат за нив. Многу чудна премиса.
Па пријатели и фамилија и родбина doesn`t give a shit а не пак некој скроз непознат.

Не знам како лицата кои се во опасност би го докажале тоа без сериозна сума пари и којзнае колку нерви по бирократски лавиринти и болници. Настрана што нема легална рамка воопшто за таква можност, тие луѓе не постојат, небитни се, умреле или преживеале.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Добро, очекувано беше да има протести бидејќи и јас би излегла за поддршка на оние што не можат да се вакцинираат, а ќе треба да им се бара сертификат. Нонсенс.
Единствено ме лути што се најгласни овие што „прават сопствени истражувања“ седејќи на вц шољата и читајќи глупости од српска штампа за некакви масонски планови баш со Радојко из Прокупље.
Деновиве на Твитер се вклучувам да слушам Спејс (му иде нешто како Твитер Дискорд каде може да се собираат повеќе луѓе и да зборуваат) и многу тешки глупости тропаат Србиве. Не знам, сега им е на тапет графен оксид. :D

Има некаков предлог работодавците да плаќаат PCR тестови за вработените што не се вакцинирани. Ако пројде ова, ќе имаме мнооогу луѓе без работа пошто скоро никој „газда“ нема да се нафати да им плаќа на 3 дена тест.
Мислам, пак ќе речам дека жал ми е за оние што навистина не можат, не забеганиве по чипови што протестираат со фолии на глава... за нив имам друг вид жал и разбирање пошто толку сече.

Во случајов фолијашите се на подобар пат од оние кои веруваат на власта. Чудно но вистинито, а причините се интересни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra