Освен економската криза што нè зафати и ми се крши срце што луѓе пребројуваат денари пред каса за да купат леб (значи не луксуз, леб!), се заканува и уште една криза, а тоа е недостатокот на електрична енергија баш кога иде зимата.
Никогаш не сум се расфрлала непотребно со пари, ама почнувам повеќе да штедам. Сè порасна нагло, освен платите. Зборувам за минималецот... што се 15-16к? Пола од нив одат на сметки, а другата половина на леб и млеко. Луксуз.
Според МЕПСО се потребни околу 30 милиони евра за да се реши кризава (ко за почеток де), па за натака ќе се видело. Не ми е јасно од каде само веќе ќе се црпат пари? Дното на сиромаштијата е продупчено веќе некое време.
Не дека е новост, ама од што толку не верувам во збор што ќе се каже од „главните“, навистина се сомневам дали навистина толку не може да се снабдиме и сме во долгови (нели крадевме струја бе?) или само маска да поскапи и струјата (нешто што сме го доживеале и претходно).
Убаво имаше еден твит: Тој што ќе ја напушти државава последен, нема ни да треба да го гаси светлото пошто ќе нема струја.

Уверувањата на надлежните дека рестрикции за домаќинствата и помалите бизниси нема да има се мала утеха, со оглед на предупредувањата дека кризата ќе предизвика и ценовен шок. Она што е извесно е дека до Нова година тој нема да се случи, односно цената на струјата нема да се коригира. Но за периодот потоа е неизвесно. Се ќе зависи од капацитетите за домашно производство, за кое предуслов е набавката на јагленот, но и цената по која енергетските компании ќе ги надоместуваат потребните количини на пазарот по 1 јануари.