Добра платформа за работа на кратки, но и подолги проекти...како дел од мојата работа исто така го користам во потрага на супер програмери.Мене Апворк ми се допаѓа како платформа на која може да заработиш фина пара ако доволно ѝ се посветиш.
Со сајтот се сретнав сосема случајно, некаде 2014-2015, кога појдов да работам кај еден дечко и мислев којзнае што е. Ми беше кажано дека се работи во канцеларија и постојано си во контакт со странски клиенти, па затоа бараа некој што одлично знае англиски.
Кога појдов, канцеларијата беше нешто што порано било локална продавничка на неговите, а клиентите беа на Апворк и единствена комуникација беше на платформата пред да се почне проектот и неделни извештаи за тоа како напредува работата. За три месеци таму, само еднаш се слушнав со клиент преку Скајп накратко и толку беше. Како и да е, благодарна сум за искуството бидејќи научив како да бирам и дојдам до работа за себе.
Новиов профил не ми е разработен, но со другарка решивме да ги активираме деновиве. Веќе се логиравме и сменивме слики, значи првиот чекор е почнат.
Работи има премногу. Од софтвер и вебсајт девелопер, тестер, преку виртуелен асистент, цртач, аудио и видео едитор, рецензии на книги, гоустврајтинг, превод и пишување, војсоувер... памтам имав и некој проект да проверувам и кратам цитати да ги собере на маица, а убедливо со најголем пресврт беше понуда за кол центар, што всушност испадна дека е хотлајн. Ама добро па, нивно е да си понудат.
Да. Пејонир картичката е најдобра опција ко за македонски фриленсер. Стига отприлика за 7-10 дена од Лондон (сега со ковидов или измените може и повеќе, не знам, ова зборам за 2015).Здраво! Баш ме интересира искуства од UpWork и како оди постапката, гледам дека треба да имaш Payoneer картичка. Безбедна е?
UpWork нуди и други можности за да си ги повлечиш парите како на пример во банка и да си ги подигиш на шалтер. Инаќе сите ја користат Пајонир поради тоа што е поедноставна, ја користиш како обична картичка и можиш да повлекуваш пари од било кој банкомат во светов со помала провизија.Здраво! Баш ме интересира искуства од UpWork и како оди постапката, гледам дека треба да имaш Payoneer картичка. Безбедна е?
Само што во никој случај не би препорачала банка. Кај имаат ужасни провизии, па уште и 10% треба да плаќаш во УЈП и за мене остануваше некоја смешна сума, а иди не плати, па ако те фатат случајно...UpWork нуди и други можности за да си ги повлечиш парите како на пример во банка и да си ги подигиш на шалтер. Инаќе сите ја користат Пајонир поради тоа што е поедноставна, ја користиш како обична картичка и можиш да повлекуваш пари од било кој банкомат во светов со помала провизија.
И јас не препорачувам тоа. Еве веќе 4 години сум таму и само Пајонир, ама малце почнува да ме плашат и тие со новиве правила, ко да сакаат да отвараат сметки за сите корисници.Само што во никој случај не би препорачала банка. Кај имаат ужасни провизии, па уште и 10% треба да плаќаш во УЈП и за мене остануваше некоја смешна сума, а иди не плати, па ако те фатат случајно...