Во сабота, 26-ти јуни, ќе се одржи втората парада на гордоста во Скопје.
Да не го преправам текстот, ќе го копирам најбитното. Извадоците подолу се преземени од сајтот на Радио Моф.
Дали некој е заинтересиран или ќе оди да даде поддршка? Јас се надевам дека ќе сум во можност да присуствувам.
Можеби за нас не делува ко нешто многу, но сигурна сум дека на LGBTQ+ луѓето ќе им значи многу што голем број луѓе ги прифаќаат баш онакви ко што се. А, не треба многу, само да не сме идиоти кон нив.
Сигурна сум дека ќе има некакви упади и испади од страна на супер-стрејт, хомофобична раја, но ако од тоа им расте половиот орган т.е. органче, нека. Нека се осетат видени и тие пошто нели, мора светот да се врти околу нивната мега хетеросекуалност.
Забелешка: Некако чинам ко да имаше слична тема, ама не успеав да најдам со 10-ина клучни зборови, така да, ако најде некој, пријавете линк да спојам. А, може и само било во темата за хомосексуалност. Ќе видиме.

Со почетен собир од 10 до 12 часот во Жена парк, па потоа со рута покрај Владата и до Школка во Градски парк, каде ќе се одржи и прослава, на 26 јуни ќе се одржи втората Парада на гордоста (Skopje Pride), овој пат под мотото „Вон ѕидовите“.
Организирана од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, настанот ќе ги реафирмира надежите за посолидарно, похумано, поправедно општество. Односно, славење на слободата, различноста, прифаќањето и љубовта.
Според извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, уште пред десеттина дена одржале средба со министерот за внатрешни работи и добиле потврда за посветеноста која ќе ја има МВР, со цел да се обезбеди највисоко ниво на сигурност на сите учесници на парадата.
-------------------------
Годинава прајдот ќе го отвори претставникот на Евровизија, Васил Гарванлиев, по што ќе следат говори од активисти, а ќе има и музичка програма.
Дали некој е заинтересиран или ќе оди да даде поддршка? Јас се надевам дека ќе сум во можност да присуствувам.
Можеби за нас не делува ко нешто многу, но сигурна сум дека на LGBTQ+ луѓето ќе им значи многу што голем број луѓе ги прифаќаат баш онакви ко што се. А, не треба многу, само да не сме идиоти кон нив.
Сигурна сум дека ќе има некакви упади и испади од страна на супер-стрејт, хомофобична раја, но ако од тоа им расте половиот орган т.е. органче, нека. Нека се осетат видени и тие пошто нели, мора светот да се врти околу нивната мега хетеросекуалност.
Забелешка: Некако чинам ко да имаше слична тема, ама не успеав да најдам со 10-ина клучни зборови, така да, ако најде некој, пријавете линк да спојам. А, може и само било во темата за хомосексуалност. Ќе видиме.
Последна промена: