ТикТок (трендови, предизвици, опасности)

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Слабата и поглупа верзија на Вајн, ТикТок, стана популарна благодарение на „трендови“ поставени од млади (па некои и не толку млади) деца, кои во последно време почнаа да стануваат и смртоносни.
За оние што не се запознаени, на ТикТок може да објавуваш кратки видеа од што ти душа сака, да учествуваш во предизвици, да изведуваш танц што сите го прават во моментот, да се снимаш како палиш шума, па дури и да се самоубиеш со пренос во живо.

За жал, инспирација за темава ми е смртта на 10 годишното дете од Србија кое наводно се обесило учествувајќи во т.н. Блекаут Челинџ каде треба да се врзеш со каиш за врат и да се бесиш дури не се онесвестиш (кој к**ац????). Дали причината е таа, не е официјално потврдено, но тој „предизвик“ си постои и е навистина бесмислен и опасен (прочитав по Италија дека умрело некое девојче од него).

Ја имам симнато и избришано апликацијата неколку пати пошто навистина ми е безвезна. Од една страна има глупави клипчиња на кои не може да не се насмееш, од друга пак има ствари ко погорните кои никој, никако не може да ги регулира.
Македонската ТикТок сцена (да, и тоа има) е своевиден хаос, но ајде, претежно се до кај 20ина години, па не може човек да замерува многу, само да им посака побрзо созревање. :zelen

Ја имате ли апликацијава и што мислите за неа? Сте нашле ли нешто корисно или барем смешно, или и вие сте изненадени од каде ѝ е толкава популарност за ништо?
Мислам дека некако генерациски и технолошки сме на толку различни точки од скалилото на разбирање, што е тешко да се изнајде начин да ги предупредиме и научиме децата дека не сите вакви „трендови“ се добронамерни. А, дете ко дете, макар три години да си постар од него, си стар и некул, секако дека нема да те слуша. И ние сме биле пред родители едни, пред друштво други, па и нашите родители биле различни пред нивните и со друштво, итн.
Но, со достапноста и брзото ширење на ваквиве (да не речам идиотски, но ќе речам) трендови, искрено, страв ми е да имам деца. (worried)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Што е ова некаква социјална мрежа?!

Којзнае какви генерации доаѓаат, настрана транзиција и хунзистанство, навистина е преголем ризик да се има дете во ваква средина, како да реалните проблеми не се доволно сега имаме и виртуелни срања шта речи...освен некакво сценарио на живеење off-the-grid каде што двата родители се on the same page и некои други параметри не дека не е можно но треба сериозно да се постават основи, како што гледаме родителите меѓу работата минуваат премалку време со децата, све је забегано, тоа не е проблем само на руини од општества него и по развиен свет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
@Outrider не би го нарекла баш социјална мрежа... што знам, и спаѓа и не во таа категорија.
Едноставно е платформа за кратки видеа и често излегуваат „трендови“ и „предизвици“ од истата.
Некако срам да му е на човек над 20 години да каже дека ја има(л) апликацијата. :|
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Имаше пред некоја година од Русија нешто слично со "предизвици" и тоа за лица 20+ како се рециклираат истите глупости тоа неверојатно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Имаше пред некоја година од Русија нешто слично со "предизвици" и тоа за лица 20+ како се рециклираат истите глупости тоа неверојатно.
Ааа, да. Blue Whale или така нешто? На тоа ми текнува од пред некоја година. Месец дена што правеа тие некакви „предизвици“, па имаше и таму неколку жртви, мислам. Не памтам само дали беше апликација ко ТикТок-ов или преку некој дип веб сајт. Баш ќе пребарам пак, крипи делуваше кога се дозна, ќе видам што станало.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ааа, да. Blue Whale или така нешто? На тоа ми текнува од пред некоја година. Месец дена што правеа тие некакви „предизвици“, па имаше и таму неколку жртви, мислам. Не памтам само дали беше апликација ко ТикТок-ов или преку некој дип веб сајт. Баш ќе пребарам пак, крипи делуваше кога се дозна, ќе видам што станало.
130+ жртви само во Русија преку некоја си социјална мрежа ВК?! :eek:
 
  • Wow
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
@Outrider тоа ВК е ВКонтакте, мислам. Порано кога работев на еден сајт, често го користев ВК да најдам клиенти што би можеле да се заинтересираат за сајтот. Чудна раја се Русите, не може да кажам дека не се изнагледав секакви ствари, така да ич не ме чуди. Ова е нешто ко Руски Крегслист + социјална мрежа, само можда и бетер.

Уште еден дебилен тренд од длабочините на оваа мрежа (ТикТок) - дрогирање со Бенадрил (антихистаминик што се користи за алергии и настинки). Па така дечишта земаат по 5-6 апчиња одеднаш за да се хај.
Не е ни чудо што завршуваат со грозници, халуцинации, онесвестени, без воздух, па за жал има и жртви.
Ако некогаш имам деца, мислам дека нема да имаат мобилен (или што и да измислат дотогаш) до кај 25ти роденден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Руски и Украински едвај полнолетни војничиња споделуваат видеа по ТикТок како се спремаат за борба, снимаат тенковите во снег... (:| Интернет генерации. Можеби и најглупиот и најопасниот „тренд“.
Пред некој ден едни се снимаа и објавија на Редит како свират... и наводно им ја откриле локацијата и ги пеплосале.
Не знам колку е точно, не можам да се сетам кој ми го прати линкот, ама видеото постои и секако е врв на глупавоста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider