Добровечер. Темава е собиранка, но јас сакам да прашам/кажам нешто. Прво, зошто форумов не е активен, каде се членовите, заспаа? Нема дискусии на темите. Барем да се затвори форумот, штом така. Второ, ајде што не можеме да се видиме сите на собиранка и да се усогласиме за истата, незнам зошто и постои тема собиранка. Трето, каде е администраторот да реагира во конкретен случај кога мене ми стигаат пораки од машки членови? И претходно кажав за овој случај. И за крај, зошто не постои опција некој да го избрише профилот на форумов?