Ја сменив малку анкетата, одговори ко „Да“ и „Не“ не беа баш соодветни. Се извинувам ако некој веќе гласал, ресетирано е, па гласајте повторно.
За породување не знам, ама од Систина порано (збориме пред 10ина години можда) за третман за лице ме вратија пошто сум немала лична карта со мене и тоа ми беше маку глупаво од нивна страна, кога веќе на книшката имаше моја слика и печати/потписи, али океј. Затоа пак мајка ми два пати имаше оперативни зафати таму и тоа беше извршено на најпрофесионален начин, со одлична грижа за пациентот пред и потоа, многу беше задоволна.
За Санте Плус само сум читала, и мислам дека ко за приватна (и демек елитна, читај: ги рекламира Кајмакоски со празна количка

) што им излегоа тие неколку киксови, не би си го доверила животот (а не па животот на детето) таму, бар не дури не сменат кадар и што и да им е труло.
За Ремедика имам читано повеќе пофалби од поплаки, ама не знам, не сум компетентна да коментирам.
Единствено што не е на анкета, а да имам чуено и прочитано доста пофалби за породување, е Чаир. И мене малку ме подзачуди, ама ете. Е сега, државно е, за разлика од другиве, али ако си од Скопје, не би те чинело ништо да си се распрашаш.