Последниве неколку месеци многу се промени, љубов. На моменти не те ни препознавам. Си викам, сигурно ли е овој човек тој во кој се заљубив? Јас не го памтам таков. Каде е стариот ти, ти во кој се заљубив до безкрај. Го снема ли, или само се крие негде длабоко во тебе, негде е закопан. Ако го снема, нека дојде, нека се појави, ако се крие негде закопан, нека искочи, нека не се крие повеќе.
Толку години без да слушнам ништо за тебе, ниеднаш не те заборавив и секогаш те сакав. И после толку години повторно те најдов. Одеднаш се појави и ми го смени целиот животот. И сега две години подоцна ти се смени. Ми го смени животот на подобро, на многу подобро. А ти се смени многу лошо. Стварно не те препознавам повеќе. Ми фали стариот ти, многу ми фали. И верувам дека е негде во тебе, но го криеш, а зашто незнам. Се надевам дека за кратко ќе бидеш како порано, и дека се ќе биде исто како порано. Не викам дека ваков како што си сега те мразам, но за твое добро е да се вратиш во нормала, те молам.