Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Во дворот кобен од аголни свеќи и од нив раце подадени, само твојата коса живее со тој пламен сплотен за мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Секој ден е убав зошто го почнувам и завршувам сакајќи те.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Тоа сум јас и тоа си ти, тоа сме ние, од вруток до уток, со лузни непредадени, пепелта не ни е лесна и се ниша таа во лулката на мртвите кои горат со нашата песна, тоа сум јас и тоа си ти, тоа сме ние со таа магија што лекува од тие темни води во карпи што се дават.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
105
353
Ах бе љубов. Како можеше ова да се случи. Кога ми кажаа нозете ми се пресекоа, ми се сврте, ќе се онесвестев. И знам дека треба да бидам храбра но тешко е. Кога денес ме погледна со тие очи и со тага ми збореше за тоа што ќе ти недостасува, сватив дека ова ќе бидат тешки денови. Но знам дека си силен и дека ќе успееш и се ќе биде како ништо да не се случило. Знај дека цело време ќе бидам покрај тебе. И ова ќе помине, ќе видиш.
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ти и не помислуваш како ја креваш прашината од мојата потсвест, кога со свилен конец везеш преку моите зеници, скокоткаш и се повлекуваш наизглед случајно, а до најситен детал безобразно испланирано.
И цел мој свет се врти околу сонцето во твоите очи, зовривам....а душата молчи, нема од болната желба за твојот допир, за твојата љубов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ако ти ја напишам поемата од душава на лист од јавор,
со мојата крв место мастило...
Ќе знаеш ли дека секоја буква е вистина?
Ќе знаеш ли дека со нив те оживувам?
Ако те помилувам како стих
кој патувал низ времето...
од уста до уста
да стигне до тебе...
Ќе се насмевнеш ли?
Ќе останеш ли?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Да можев.
Само да можев да ти ги дадам очиве, овие зелени темјани, да се погледнеш со нив и нека ми беше тоа последна желба.
Ќе видеше со нив, колку пораснав со тебе голем како планина и колку си убава и топла, ко бебешка насмевка и од неа една врела солза.
А тебе мојот поглед нека ти е студен и ќе ти го оставам таков за навек, ама знаеш зошто, затоа што сокривам во него сѐ мртво и ветво што ме понижува како човек, што не се крпи ни со конец што оживува, само немоќ и ноќ во него се крпат една со друга,
лепливи од крвта ледена што ми ја донесе пролетта како жртва за есента, а измеѓу вилнее мојта силуета од зборови неискажани за твојта и се превртува таа ко песочен часовник,
од крај до бескрај, од изгрев до невиделина.
Од почеток да можев само,
се ќе беше поинаку,
ќе ги разбереше овие води темни и зрели, што течат во мене, за тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio, Iris* and Prashina