@Аркантос гледам имаш проблеми со несоница, не знам дали си пробал ама сигурно си пробал штом со години те држи но еве јас сепак ќе си кажам.
Обично сон најдобро се фаќа во темница, нешто слично како кај папагалите нели кога ќе им го покриеш кафезот одма засиваат.
Па зашто пример не пробаш (доколку не си пробал веќе) со некоја ваква
маска за очи ?
Од лично искуство, колку и да не ме фаќа сон кога ќе ги покријам очите во секундата заспивам.
По некоја логика, кога имаш нели целосен мрак пред очите мозокот како да престанува да работи, мислам функционира ама сите тие мисли, проблеми како да се ставаат на пауза, а кога не си оптеретен односно мозокот не ти е оптеретен со секакви работи многу побрзо заспиваш односно ти иде сонот.
Може малку звучи глупаво ама што знам доста пати сум експериментирала и со по 4-5 испиени кафиња кога и да сум ги покрила очите одма сум заспивала.
Исто и денски мноогу ретко да легнам да спијам треба не знам три дена на нива да копам за да можам да спијам преку ден, но кога и да ги покријам очите абе во секундата почнува да ме занесува и наредниот момент веќе хрчам.
Ова заборавив да го кажам, како што ти се така покриени очите пушти си и класична музика или пак оние chill out ненормално многу опуштаат.