Ех сеа и ти
Искрено, мене чоколадо знае да ми биде доста романтичен подарок. На бившиот дечко имав замисла секогаш да му купам од сите видови на Милка по едно. Кога ќе излезеше нов вкус секогаш му земав. Со пудинг од ванила (ова ако знаете каде се продава да ми кажете, јас се убив од барање никаде го нема), она што "пука" кога ќе го јадеш, орео, со cookies итн итн.
Исто кога бев во посета на други земји, од Словенија му купив тамошно чоколадо, од Копенхаген исто... Кога одевме си ги чуваше амбалажите, не знам дали уште ги чува. Благото и те како може да е романтично, некогаш таков подарок од типот на го видов ова и ми текна на тебе ми е многу поубав отколку поклон кој мора да се купи заради некој повод, онака ради реда.
Да не сум скроз оф топик, искрено не. Ме изненадиле убаво, ама онака некој право во југуларка да ме погоди - не.