Сите некако сакаме, но никој не се нафаќа посериозно да организира.
Едно време имавме елан, се договаравме ако не по 10, тогаш по 4-5 души некаде, но дојдоа времиња кога тој елан се има потрошено. Кој со (недоволно) слободно време, кој со моментно оттуѓување од форумот, се разидовме, признајте си вака. Имаше добри шанси собирите да се зачестат при крајот на летото, но мислам дека поради одреден сплет на околности тоа не успеа да се изреализира. Како што
@Electra убаво кажа некаде во друга тема, виртуелно премногу се заситивме едни од други. А во real-time собирите сепак не е баш така, постои шанса секогаш да се зачестат ако го тргнеме оној „страв“ дека виртуелното може многу да влијае во средбите tete-a-tete. У принцип, јас сум поминувал поубаво во 80% од собирите, така да мојот гарант е дека истите секогаш може да отидат во некој подобар левел на комуникација од едно обично скролање (post&reply).
Не мора често, но еднаш во 3 месеци една официјална добро би дошло. И сега барем не е толкав проблем на некому да не му одговара, сепак сме помала бројка во моментот, така да полесно би се договориле на повеќето да ни одговара за време и место.