Кој/а сум јас? (Самоанализа)

Точка

Истакнат Член
20 декември 2013
41
69
318
Обична девојка сум. На моменти збунета, не знам што сакам, не знам што со себе. Понекогаш преамбициозна. Голем сонувач, кој очекува премногу, а најчесто не добива ништо. Ведра личност сум, се смеам често. Тешко ми е да изразувам емоции. Сакам гушкање. Се радувам на мали нешта.
Сто пати препрочитав дури да го составам „совршениот“ опис... Епа да, тоа сум јас. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Секоја личност најдобро се запознава преку сопственото мислење и самоконтрола.
Јас сум она што сметам дека сум. (Не) сфатен од врсниците, понаков од масата во однос на искажувањето. Сфаќам дека самоанализата се прави во себе и не се докажува на другите, самоанализата е книга која ја пишува и чита само една душа. Ја создава еден импулс.
 
rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Јас сум преголем емотивец. Животот ми удрил многу шлаканици, ама гордо му се спротивставив, не дозволив да ме бутне. Често знам да помислам дека немам среќа, но пак се насмевнувам. Што значи и покрај се сум ведра особа, малку инаетлива а богами понекогаш и комплицирана како и секоја жена. :) Имам цел во животот и чекорам кон тоа. Горда сум со себе, зошто останав цврсто на земја, што не пораснав во нешто лошо. Онака општо земене ок сум, барем самата на себе сум си ок.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Јас сум човек каков што посакува секоја женска. Не за џабе инбоксот полн ми е. :)
Кратко и јасно.
 
misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Која сум јас..хмммммммммммм...колку е тешко навистина да се објасниш сама на себе, ама искрено без лажење и филување:eek
Самоанализа:^) ете се обидувам да се самоанализирам, онака подробно и подетално, но навлегувам во огромен лавиринт на мојот душевен живот.
Не, не можам повторно, исто како и многубројни неуспешни обиди..неможам да истраам во таа самоанализа...знам само каде и да одам, секогаш со себе се носам, сама себе, една несовршена, не идеална особа, мноуга мани и по некоја врлина;) знам само дека немам намера да го трошам животното време во потрага по решението како да станам совршена женска:nah
енигма сум сама за себе, знам да се изненадам сама себе..а незнам да се самоанализирам(можеби не ми се допаѓа тоа што го зимам за анализирање):frantic
Сепак сум една единствена на оваа планета:giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073

Така е само заради тоа што не сакаме да копаме во тоа што сакаме да го заборавиме и единствено ние го знаеме!;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misti.diva orhideja

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Така е само заради тоа што не сакаме да копаме во тоа што сакаме да го заборавиме и единствено ние го знаеме!;)
Можеби и не сум доволно самокритична, можно е да ми е страв од она што ќе го пронајдам сама во себе, ѕвер сокриен некаде у душава...
Луѓево сакаат сами себе да се прикажат (обично е така)во најдобро можно светло, не си ги приметуваат своите огромни маани, а факт е дека сите луѓе ги поседуваат.
:kafe