Опседнатост со љубовниот живот на бившите

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ја превртев цела категорија и гледам има само тема за бившите на партнерот, ама тргнала во правец дека никој не се замара со ништо, па овде да се задржиме на она што го гледаме во реалноста т.е. опседнување во вистинска смисла на зборот - може дури и налудничаво, до граница на психопатија. (а, и фалат нови теми, не за друго :zelen)

Бившите или сегашните на поранешниот партнер, сеедно. Што кога човек ќе се опседне со нив?
Под опседнување подразбирам збирање на секоја можна информација за нивната личност, детали од нивниот живот, кои се, какви се, кај се движат, имаат ли прљав веш, па споредби, плукања по социјални мрежи, барање прилики за омаловажување и наштетување, а некогаш иде дури до закани, па и исполнување на истите.
Зошто?
Никогаш не ми било јасно тоа вгнетување и мешање т.е. немање самопочит до таа мера. Тешко, симптоматично сељачење, да не речам.
Бар јас сметам дека никој не е толку непребол, па да вреди да се запечатуваш ко психопат поради него/неа.
Иако, веројатно повреденото его и намалената вредност повеќе играат улога тука.
И ај ова... настрана што е психо, ама бар некако ќе сфатиш - може уште го/ја сакаат, преболно и/или неочекувано им дошол прекинот, ама што правиме со онаа посебна категорија што се напнува со бивши на бивш партнер?

И најбитно, како човек да се справи со истите?

Пошто кој отвара, прв кажува - за среќа, не сум имала баш некои лоши искуства. Мене повеќе ме сакаат цурите на бивши, не знам зошто, ама бар не замарале па нешто посебно. Знам отприлика кои се распрашувале и ме мразеле чисто колку да се дешава нешто, имало тук-таму додавања од секакви профили ради манијачење, дури проба една да ми се пушта демек од машки профил, не знам со која цел... а, последно добив неколку закани од лажен, ама од фб го беа збришале пред да ни се раздлабочи дружбата. Како и да е, тие лупарања по нет не ги ни сфаќам озбилно.
Но, главно ради кое ми текна на темава: имам (не баш блиска) другарка која не е во завидна ситуација, каде постои девојка што ѝ упатува секакви закани бидејќи смета дека таа го направила типот (а, и другаркава веќе не оди со него) да не може да сака (а со тоа и ѝ ја уништила шансата за смирување), па фрштат вознемирувања скоро секој ден, до степен на работа да ѝ оставале ливчиња со глупости. Јас навистина не знам што да ја посоветувам.
Така да, игнорот некогаш е решение, но што во случај кога не е?
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
За жал има такви девојки кои се опседнуваат со бившите на дечкото, зошто сакаат да бидат подобри од нив во се. Поубаво да изгледаат физички е на прво место. Никогаш не ме интересирале детали за бивши на дечко. Ако кажел тој некоја во ред,ако не не сум се замарала да прашувам. Сметам дека бившите се минато и треба да останат во минатото.
Бивши се опседнувале со мене до степен да ми се закануваат дека ќе ми ја расипат новата врска и такви детски работи.
Една девојка на бивши ме викна на кафе за да се осигура дека немаме ништо. Излегов и цивилизирано и културно си направивме муабет. Нема потреба да се мразиш со некого за глупости, пред се за личности. :)
Најлоша е таквата опсесија, во голем замав е кај тинејџерките.
За другарки што така се напнуваат еднаш ќе им кажам дека сега е со нив и нема зошто да се замара за бивша. Ако ептен почне и мене да ми досадува станувам безобразна малку повеќе зборувам и сама си сфаќа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Ја превртев цела категорија и гледам има само тема за бившите на партнерот, ама тргнала во правец дека никој не се замара со ништо, па овде да се задржиме на она што го гледаме во реалноста т.е. опседнување во вистинска смисла на зборот - може дури и налудничаво, до граница на психопатија. (а, и фалат нови теми, не за друго :zelen)

Бившите или сегашните на поранешниот партнер, сеедно. Што кога човек ќе се опседне со нив?
Под опседнување подразбирам збирање на секоја можна информација за нивната личност, детали од нивниот живот, кои се, какви се, кај се движат, имаат ли прљав веш, па споредби, плукања по социјални мрежи, барање прилики за омаловажување и наштетување, а некогаш иде дури до закани, па и исполнување на истите.
Зошто?
Никогаш не ми било јасно тоа вгнетување и мешање т.е. немање самопочит до таа мера. Тешко, симптоматично сељачење, да не речам.
Бар јас сметам дека никој не е толку непребол, па да вреди да се запечатуваш ко психопат поради него/неа.
Иако, веројатно повреденото его и намалената вредност повеќе играат улога тука.
И ај ова... настрана што е психо, ама бар некако ќе сфатиш - може уште го/ја сакаат, преболно и/или неочекувано им дошол прекинот, ама што правиме со онаа посебна категорија што се напнува со бивши на бивш партнер?

И најбитно, како човек да се справи со истите?

Пошто кој отвара, прв кажува - за среќа, не сум имала баш некои лоши искуства. Мене повеќе ме сакаат цурите на бивши, не знам зошто, ама бар не замарале па нешто посебно. Знам отприлика кои се распрашувале и ме мразеле чисто колку да се дешава нешто, имало тук-таму додавања од секакви профили ради манијачење, дури проба една да ми се пушта демек од машки профил, не знам со која цел... а, последно добив неколку закани од лажен, ама од фб го беа збришале пред да ни се раздлабочи дружбата. Како и да е, тие лупарања по нет не ги ни сфаќам озбилно.
Но, главно ради кое ми текна на темава: имам (не баш блиска) другарка која не е во завидна ситуација, каде постои девојка што ѝ упатува секакви закани бидејќи смета дека таа го направила типот (а, и другаркава веќе не оди со него) да не може да сака (а со тоа и ѝ ја уништила шансата за смирување), па фрштат вознемирувања скоро секој ден, до степен на работа да ѝ оставале ливчиња со глупости. Јас навистина не знам што да ја посоветувам.
Така да, игнорот некогаш е решение, но што во случај кога не е?
Во прв случај нека си каже што има да каже фино лепо а може и по малку отсечно. После тоа игнор. Јер тука е стаено крај и нема даље.
Опседнатоста е чудна работа. А има и такви кои со мало поткарување одма дигаат берлински ѕид, игнор, блок, демек децата ќе им ги земе некој алиментација да плаќа. Во двата случаја е болна работа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Во прв случај нека си каже што има да каже фино лепо а може и по малку отсечно. После тоа игнор. Јер тука е стаено крај и нема даље.
Опседнатоста е чудна работа. А има и такви кои со мало поткарување одма дигаат берлински ѕид, игнор, блок, демек децата ќе им ги земе некој алиментација да плаќа. Во двата случаја е болна работа.
Па, мислам дека тоа е целиот проблем, што другава не се разбира ни со арен збор, ни со остар.
Не сум распрашувала, глупо ми е малце дека не ја знам добро, а и гледам се потресува кога збори, ама девојчево ко во постојан страв е да не ѝ никне типкава од негде. Знам ѝ објаснувала дека нема ништо веќе некое време со овој, дека слободно може да си го брка, ама не бре, кога ќе си втури така некој дека светот е против него и дека не знам што планови ѝ се кројат зад грб, леле мајко е. Измешај го тоа со агресивна природа - бинго.
И тоа секогаш се оние што делуваат помирно, демек фина, женствена, се улизува по други, а ваму рогови до плафон носи.
А, типот и двете не ги рецка веќе. Најди им НЗС...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Е во оваа "проблематика" јас сум типичен alien. Ко да не сум девојче.
Никогаш, ама баш никогаш не сум се расправала за бивши, ниту па ме интересира нешто за нив. Сакам само да знам кои се во случај ако излегувам со партнерот и се сретнам да не се испуштам нешто. Евентуално зошто прекинале, ако сака да ми каже. Друго стварно не ме интересира. Имале нешто, life happened, прекинале. Ако гледам дека има уште некои емоции, тогаш чекам некое време, за тоа да си го направи своето, ако не чао и се најдобро.
Eдна знам дека има прашувано за мене, баш онака која сум, што студирам, кои се моите, искоментирала нешто типично љубоморно женски, ама ја толку не се дразнам на тоа, никако не реагирав на тоа и виде не виде се откажа.
А искрено не дај Боже да налетам на некоја ко погоре опишанава, стварно не знам како би се снашла. Мислам, разговор можам да направам, ама таквите луѓе се толку тупи што ништо нема да помогне. Не знам стварно :|
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Оваа проблематика, поточно состојба се однесува на карактери кои се уште се оформуваат и релативно се млади, потребно им е да ја поминат таа фаза од тоа што се нарекува љубовен живот со сето тоа што тој го произведува и се без некои сериозни последици, откако ќе запознаат некој кој ќе им го даде тоа што минатото го фрла во сенка, постојат луѓе кои се опседнати со пострашни работи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Prashina

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Некогаш таквиот поглед со голема жед кон него после погрешниот поминат период е веќе влезен во друга фаза (состојба)
Имено девојката која е опседната со него со кој предходно делела многу работи ,а еве да кажеме патела истовремено некако не својствено ми е истата да гледа и бара нешто во тој ..
Мислам дека го нема тоа некој да пати со тебе ,а ти да бараш и во иднина да си патиш со него , треба таквите работи да се гледаат од повисоко за да не дојде до таква ситуација , кога ќе се затупи во патњата која ја опкружува нема шанси да ја види шансата за нешто кое е вистинско за неа ..
Узалуд би била опседнатоста со таквиот живот на бившиот , не би резултирало со ништо , која би била придобивката 0% нормално
Многу важна работа во врската се ситниците ,таквите постапки , некој ќе каже ,абе ситница е тоа нема врска како неважно , за мене ситниците се одлика на дел од карактерот и намерите со кој е поставен или еве поставена кон неа - него , оние детаљи на кој многумина не гледаат ,ги игнорираат , мислам дека таквата концентрација и согледување на тие особини односно детаљи се многу важни за да се увидат многу работи , секогаш кога се докажуваме колку нештото ни значи или колку сме сериозни во сето тоа обично го презентираме со крупни постапки ,а оние ситниците се занемаруваат ,како што кажав одсекогаш ми биле важни и сум ги запазувал , така да мислам дека со тоа може да се исконтролираат на време некој чувства или понатамошна комуникација или врска која би била во ветер и магла ..:kafe