Да земам и јас да почнам да пишувам поезија со длабоки емо содржини, без никаква поетска основа, патетични до немајкаде и да се расфрлам со термини како "брат", "шо", "штрактнат", може ќе ме биде во животов. Мислам, океј, да си тинејџер и да немаш видено уште ништо од живот и врски, ајде, разбирам, ама возрасни луѓе кога гледам како во несвест паѓаат
Ниту јас не сум најголемиот читач на книги, си признавам во последно време ретко кога најдувам време за добра книга за разлика од порано, ама онакво нешто пари да ми даваат нема да го читам.
Call me crazy, ама љубовта ја доживувам на многу поинаков начин, да не речам спротивно од нашиве поети. Едноставно за мене реченица како "ама брат ја сакам" ми нема никакво значење, да не претерам ама на смеење ме удира. Повторно наречена хејтер денес, оти не ми допаѓаат реченици како "драгичка ела да те гушнам" и "доста ма". Денес нешто ако не ти се допаѓа по кое масата се треска од земја, одма автоматски хејтер си. Не сум, не можам да бидам хејтер кон луѓе кои поштено си го вадат лебот на било каков начин, колку и тоа да не ми се допаѓа. Али пак ќе речам, кога ќе видам некоја што сум мислела дека има вкус како ги лајкнува статусиве... Одма менувам мислење.