Сакам да кажам/Сакам да прашам

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Кога би ги тргнале на страна спонзорушите мислам дека таквиот начин кој да плати што да плати е производ на основна култура , нормално е дека нема да дозволиш девојката да плати , е сега за мене многу важен момент е кога веќе по 3-4 пат излагаш со девојката па сметката кога треба да се плати многу е важно да се понуди само да плати ако ништо друго.
 
Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Извини што сум измешал, како што пишав погоре сеуште не ми е јасно како тоа не сакаш дебела за матура али за врска може. Ама добро, мислам дека си неколку години помал од мене, па ајде ќе препишам тоа на 'помладите генерации'.

Без разлика, јас не би можел да се мувам со некоја што не ми се допаѓа. А кога ми се допаѓа гледам да ја усреќам. Не те обвинувам, скоро пола другари шо ги имам варат женски се муват секоја втора вечер со друга и слично. Ама дека плаќат пијачки, плаќат.
Не знам колку си гледал, ако не си гледал еве ќе ти препорачам погледни ако имаш време (и ако сакаш, нормално) Are you the one? во главно згодни женски и машки се ебат во една куќа, ништо од љубов али нејсе, има еден пар Исаф и Тори. Ако гледаш некои од епизодите ќе видиш дека он упорно и се извинува нејзе што не е богат за да можел да ја издржува, иако типката јасно му дава до знаење дека парите не и се важни. Ова ми дојде сега како пример за 'непишаното правило' шо виолетмун ме закачи. Не е само тука ами и во Америка без разлика колку и да е побогата девојката од тебе ти си должен да се грижиш за неа. Под тоа грижиш нели спаѓа и финансиски. Никој од тебе не очекува да и купиш кола или незнам што, ама една пијачка да ја почастиш не гледам big deal. Па и да се две, три, четири... ако тебе ти е убаво времето поминато со неа, уживај а не мисли на тоа колку пари си потрошил. Ако мислиш, тогаш не ја сакаш вистински.
А веќе ако не стоиш добро финансиски кажи и директно и види дали ќе сака да остане со тебе или не. Ако те сака ќе ти каже дека парите не и се важни ако не никому ништо. Се надевам дека ова шо го пишуваш на форумов не го шириш низ пријатели зошто не е фер ни спрема неа а ни спрема тебе (да се ситат душманите дека имаш женска шо те 'користе').
Болдот. Замисли имаш 19 години, не работиш, треба сега да студираш и од твоите да земаш многу пари за студирањето, а твоите заедно имаат плата од 30000. Дали ти ќе бараш пари од твоите за искачање и за тебе и за женска ти и ќе и плаќаш две, три, четири пијачки и ќе гледаш big deal?? Дали ако мислиш на тоа колку пари ви е сметката значи дека не ја сакаш??
Еве подразмислувам дали таквата дружба да ја продолжам зошто и онака не е некоја врска.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Денес детето на диктаторот тргна на школо, ајде сите да го поздравиме и да му посакаме да го посетува татичко за викенди. :)
Иначе таа директорката се правдала дека другите деца не биле така наредени за на Грујо детето, туку така секоја година правеле. Од што и е испран мозокот не знае што збори жената.
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Денес детето на диктаторот тргна на школо, ајде сите да го поздравиме и да му посакаме да го посетува татичко за викенди. :)
Иначе таа директорката се правдала дека другите деца не биле така наредени за на Грујо детето, туку така секоја година правеле. Од што и е испран мозокот не знае што збори жената.
У кое школо тргнало детето?

Инаку за муабетот погоре дали треба да се плаќа или не сметка, мое мислење е дека човечки е ете да се почасти неколку пати, нормално доколку е обострано частењето но да финансираш некоја секое излегување е само бадијала трошење пари. При прва прилика на девојката во барање на по сочна жртва, ќе ја шутне старата. И на крај кога ќе се сумира ќе излезе дека љубовта со пијачки или гардероба во некои случаи се купува. :) А доколку има будали, ќе ги трошат заработените пари со труд на нивните родители за некои мамини мази.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Знам деца, секоја година е така. Од цела група 5-6 деца не работе системот и не може да ви ставиме оценки електронски. Ќе мора да трчате по професорите.

И нормално, ти мора да бидиш во тие 5 души од 50 души во група :mad:
Ако има поголем баксуз од мене, еве на...
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Чувството кога сакаш на едно 9 годишно дете, кое не е твое,
да му ги истегнеш ушите и држејќи го така за уши да го однесеш кај мајка му и татко му,затоа што ти го удрил детето...

Се прашувам дали треба да го оставам малиот мој сам да се справува со такви нешта или пак треба да го бранам???
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Чувството кога сакаш на едно 9 годишно дете, кое не е твое,
да му ги истегнеш ушите и држејќи го така за уши да го однесеш кај мајка му и татко му,затоа што ти го удрил детето...

Се прашувам дали треба да го оставам малиот мој сам да се справува со такви нешта или пак треба да го бранам???
И јас често си го поставувам истото прашање, а знам дека како и да постапам во случајов ке погрешам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Чувството кога сакаш на едно 9 годишно дете, кое не е твое,
да му ги истегнеш ушите и држејќи го така за уши да го однесеш кај мајка му и татко му,затоа што ти го удрил детето...

Се прашувам дали треба да го оставам малиот мој сам да се справува со такви нешта или пак треба да го бранам???
Некој невоспитан ти го удира детето и ти се прашуваш што да правиш? Добро сега, ако не видиш дека го удрил некој тогаш е друга ситуација, тогаш се оди дома кај него и се прави нормален разговор. Е сега ако видиш, уствари подобро да кажам ако видам, бидејќи јас вака би направил. Ако видам дека го удира некој, тогаш прво одам кај неговите ако се тука и им кажувам дека ќе им го удрам детето, а ако не се тогаш пак ќе го удрам за да си оди со плачење дома. Во ненормална средина не може човек да се однесува нормално бидејќи околу него се сите лудаци и со такви нема разбирање. Уствари ова што го кажувам е за во Македонија, на запад е друго, тоа се европски луѓе и се разбираат од збор, ама сепак не смее да помине неказнето.
И јас често си го поставувам истото прашање, а знам дека како и да постапам во случајов ке погрешам.
Ќе погрешиш ако оставиш така. Како што кажав, за лудаците со лошо, за нормалните со убаво. Кај нас нормални нема, така да. :)
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Некој невоспитан ти го удира детето и ти се прашуваш што да правиш? Добро сега, ако не видиш дека го удрил некој тогаш е друга ситуација, тогаш се оди дома кај него и се прави нормален разговор. Е сега ако видиш, уствари подобро да кажам ако видам, бидејќи јас вака би направил. Ако видам дека го удира некој, тогаш прво одам кај неговите ако се тука и им кажувам дека ќе им го удрам детето, а ако не се тогаш пак ќе го удрам за да си оди со плачење дома. Во ненормална средина не може човек да се однесува нормално бидејќи околу него се сите лудаци и со такви нема разбирање. Уствари ова што го кажувам е за во Македонија, на запад е друго, тоа се европски луѓе и се разбираат од збор, ама сепак не смее да помине неказнето.

Ќе погрешиш ако оставиш така. Како што кажав, за лудаците со лошо, за нормалните со убаво. Кај нас нормални нема, така да. :)
Кога би било така едноставно.
Детето е дете на една од најголемите мафијашки фамилии во градов.
Не е тоа проблемот. Проблем ми е што е дете.Што законски ништо не смеам да му направам.
А со неговите муабет..нема да помогне ништо,тие уште ќе речат:браво сине,така треба.

Единствено можам да го учам малиот сам да се справува во такви конфликти.
Така нема да биде зависен од мене и ќе биде способен да се одбрани и во други ситуации како овас кои сигурно ќе се повторат понатаму.
Да не би дошло до тоа некогаш да биде нечија жртва.
А мојот за разлика од другиот расне во сосем други кругови во кои насилство и асоцијален живот се далечна тема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Prashina

Па не можеш да знаеш на што ќе налета. Можеби ќе налета на некоја будала и нема да може да се одбрани со зборови или со игнорирање. Затоа најубаво, треба да се знае некоја боречка вештина, па ако го замара некој нека му покаже што научил. :)
А за тоа другото дете, што има врска на кого е, тоа не му дава за право да прави што сака. Е сега тие штом не се разбираат тогаш треба што понастрана, будали се тие.
Ех каков живот, детето од 9 години знае што ќе биде кога ќе порасне.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena