Иам едно другарче кое целиот свој живот се шлепа од искачања, коа искача не порачува ништо, целиот ноќен живот му се сведува од чекање на покани од друштва за да искочи, а коа ќе искочи е најгласната буква, најпаметниот за дрвење како требало да се бркаат девојки, како се работело на самодоверба. Дотука би било се` во ред ако истиот тој не направел еден паметен чекор во животот а тоа е да си најде начин како да заработи. Затоа што истиот тој има изгубено секаков допир со реалноста, во смисол на социјализирање.
Овој пример го спомнав затоа што е тесно поврзан со проблематиката што веќе неколку страни се зборува. Донекаде е во право Давор, во смисол кога човек заработува се осеќа колку толку реално независен. Во секој друг пример имаш или премногу “паметњакович“ (sharp) лик - тип кој никогаш во животот не искусил независност но секогаш „знае“ како е најдобро за да фатиш девојка, или имаш многу несигурна личност. Ова важи и за 2та пола, секако во општество кое и 2та пола се вреднуваат мање више еднакво. Во наше поднебје тоа оди многу многу полека. Затоа и ден денес имаш девојки слични на онаа со која се запознал Македонец - типки кои секогаш очекуваат да добијат внимание на најлесниот можен начин. Не зборам за курви, тие си се отворени уште од старт. Зборам за оној тип на малограѓанштина што глумат демек невини, но кога ќе се закачат за одреден партнер го музат до коска, затоа што тој им дозволил.
Од друга страна па во наше поднебје некако многу лично си го сфаќаме тоа кога некој почастил као да сторил донација на лев бубрег. Донекаде тоа е затоа што примањата ни` се такви, никакви, мизерни.