Безвеза појава ми е пиштол или револвер (едното е со шаржер другото со буренце) има домет од пет метра, мора со обете раце да се држи а прецизноста му е никаква...имав прилика да пукам со ЦЗ М-57 или така нешто стара гломазна југословенска чудесија со калибар 7,62/25 мислам беше, тежок е како црна земја и тресе како стокец со пробушен ауспух. Шансата некој да погоди нешто над 10м се зголемува доколку целта е носорог но во тој случај само би го изнервирале носорогот и би ве набил на рогот.
Пушката е веќе друга ствар, има голем домет, трзајот фино исчезнува во рамото така да и прецизноста е сериозна. Имам употребено М-48 прастара југословенска јна варијанта на Маузер, 7,9/57 немачки класичен калибар, собира 5 куршуми а после секое пукање треба да се репетира што е недостаток на таа стабилна и прецизна машинерија. Друго шо беше, малокалибарска шо ги викаат, исти систем е како М-48 само со мали запечени куршуми 5,6мм без каписла, голо олово се без месинган слој на нив
се користи за лов на зајаци и слични битија, мал трзај, мислам дека истиот калибар е и во спортски такмичења.
Имав прилика ама не ја искористив да пукнам со двоцефка, стара сачмарка со пластични чаури полни со барут и сачма.
Имам нејасна желба да пукам со винчестерка, онаа како од вестерните, репетирка ама за разлика од М-48 има само два покрети намести четири при репетирање и секако СКС полуавтоматската советска култна машина (има и екс-ју варијанта), од која подоцна настанале АК и разни други системи.
Друга предност на пушка над пиштол е шо може да се прикачи бајонет, може да се удри некој со кундак по глава, можат да се тресат теписи со неа...