Аман што бидна, 3-4 саати дожд и Скопје се поплави. Баш се прашувам што би се случило да продолжи да врне до утре?
Ќе се прогласи вонредна состојба, нема да се работи, ќе ја донесат армијата од граница за да става вреќи за да не се поплавиме скроз, останатите ќе седиме по дома и ќе се молиме да не дојде водата до прозорите.
Секогаш викав и пак ќе кажам, од оваа држава нема ништо добро да биде, ама баш ништо. Кога врнеше снег зимата, цел месец немаа струја во Вевчани и Охрид. Катастрофа, сакаме во Европа, а сеуште сме земја од третиот свет. Според мене и подоле.