Сакам да кажам/Сакам да прашам

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Абе ајде во биртиите имало пијаници, а во по кафичите нема, таму бетер е. :)
Да не испадне дека ги бранам, не сакам ни јас пијаници да гледам, ама такви места сакам, на пример некое зафрлено место далеку од смрдливиот град, старински стил, стари столчиња, маси, чаши, шанкот дрвен и пукнат на пола, вратата дрвена, надвор природа, ех убајни. Е сега луѓето внатре нема да ги бирам, ако одат пијандури тогаш нека одат, ама вакво место мене ми е баш супер. Имаше еден член слика ставено од слично место, во Битола беше ама не ми текнува на името. Не беше баш како што опишав, ама може да заврши работа. Кафичи каде се собираат вип фаци, градски шерифи, самопрогласени фраери, не сакам.

За муабетот на Selene. Уствари што има да се кажува, се знае, најглупиот народ оди на најубавите места и ти ја брука државата. После тоа цел свет мисли дека сите што живеат таму се глупи, и кога ќе слушнат од каде си бегаат одма, а не па да се дружат со тебе. Балкански менталитет, сељачки, прост, за никаде, шлајмот на Европа, треба во Африка да не преместат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Остај што има тешки биртии ама какви пијаници има... спијат на калдрма на железничка, тешко на тие наутро што чекаат воз. Однеси ти некоја во Јагода, кажи и дека треба да се пронајде сликата од Тито :rofl. Сериозно бе, од толку места таму ли ќе ја носиш, за да ти докажи дека те сака :rofl?

Важна е пажњата, тоа укажува дека дечкото се труди да ја отргне од секојдневната монотонија и со неа да ги сподели помалку посетените места, треба да се цени тој труд, лесно е да се покажува сакање со чекање пред Расчекор ама не е тоа тоа :)

Абе ајде во биртиите имало пијаници, а во по кафичите нема, таму бетер е. :)
Да не испадне дека ги бранам, не сакам ни јас пијаници да гледам, ама такви места сакам, на пример некое зафрлено место далеку од смрдливиот град, старински стил, стари столчиња, маси, чаши, шанкот дрвен и пукнат на пола, вратата дрвена, надвор природа, ех убајни. Е сега луѓето внатре нема да ги бирам, ако одат пијандури тогаш нека одат, ама вакво место мене ми е баш супер. Имаше еден член слика ставено од слично место, во Битола беше ама не ми текнува на името. Не беше баш како што опишав, ама може да заврши работа. Кафичи каде се собираат вип фаци, градски шерифи, самопрогласени фраери, не сакам.

За муабетот на Selene. Уствари што има да се кажува, се знае, најглупиот народ оди на најубавите места и ти ја брука државата. После тоа цел свет мисли дека сите што живеат таму се глупи, и кога ќе слушнат од каде си бегаат одма, а не па да се дружат со тебе. Балкански менталитет, сељачки, прост, за никаде, шлајмот на Европа, треба во Африка да не преместат.

Тоа е друго, рурални кафани со скара и шприцер, Св.Наум ете на островчето добро кафанче, останато баш од комунизмо со широки чаши, шољи со плава линија и подметач исто со плава линија, амбиент - секој момент очекуваш да се појави Жика со брковите од филмот, за се` исто носат, за вино, за пиво, за ракија нема кригли или мали чаши :zelen Ама околината е прејака, со патки, лебеди, пауни како од стар англиски филм :)

Овие биртииве се стриктно урбани иако се сељачки што е парадокс ама така е, обично таму се движат луѓе кои се откажале од животот, жени ретко влегуваат а понекогаш некој се појавува за сеир :zelen аромата на манџа-прегорен зејтин-никотин-ракија е неизбежна, а левелот на алкоси се движи помеѓу чат пат викендаши до хар кор фаци кои излегуваат од веце со измочани панталони или повраќаници и бараат од присутните да се јават за такси (проследено од гребење за ситно) :roflИмав еден познаник одеше татко му да го вади од таму на фајронт и да го носи да спие да не припадни да спие пред биртија:eek Не е за сеир и за смеење во основа ама тешко се одолева :x
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
@Outrider оди некој во Расчекор воопшто ? До кај стигна тој ноќен клуб, внатре со ножеви да се колат ццц. Позитив е сега актуелно нели, но и таму нема некој ќеф.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не сум толку во тек, застарени информации, важно Јагода уште работи :kafe
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
@Outrider оди некој во Расчекор воопшто ? До кај стигна тој ноќен клуб, внатре со ножеви да се колат ццц. Позитив е сега актуелно нели, но и таму нема некој ќеф.
Одат битолските фраери, рекетари, тепачи, и што уште не, може да се види и по некоја дроља соблечена која чека да ја частат чаша коњак и после да се пушти на работа, некој мангуп како манијачи од шанкот и слично. Расчекор, дното од Битола.
 

Priroden

Староседелец
4 октомври 2012
140
95
1,038
Еее пaмтaм нa времетo кoa бев зелен 2010 мислaм, еднa ме викaше дa сум oдел у Битoлa.
Јa се зaпнaв испити ќе сум пoлaгaл. Ми спoмнa нештo другo и сo првиoт aвтoбус пoлетaв :D
Ме oднесе у еден зaбaтaлен кaфич, a јa нaпнувaв некaде дa ме нoси кaј шo имa нaрoд. Тукa у близинa нa епинaл мислaм беше, иметo не гo зaпaмтив, јa oнa и двaјцaтa келнери.
Кривo ми е шo бaрем иметo нa кaфичoт не гo зaпoмнив :D

Не се ни зaпoзнaвме шo се вилa ниту мoбилниoт и зaѕвoни зa дa јa бaрa некoј и дa си oдк...викa мoрaм дa oдaм.

Јaвувaј се пo кoлеги, кoлешки никoј немaше зa викенд у Битoлa :D

Ни две ни три ме oстaи нa -20 и си зaминa. Чекaв вoз демек у 3.20 беше, дoјде 3 сaaт си викaм, кoa ќе гo чекaм вoзoт ќе гo пoчекaм и aвтoбусoт дo 5
У aвтoбускa немaше греење кo некoј бездoмник бев.
И тaкa премрзнaт си дoјдoв у Скoпје
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
I see your Јагода, and I raise you Пет'л и Све За Љубав!
Ее, да видите па Куманово какви бисери крепи. Бивша Југа is strong with this town. И да, едното е одма спроти автобуска, а другото на 30ина метри.
Кога ќе пречекаш народ на автобуска, не прашува како си, него што е со чудоно карши. :D
Ај за Пет'л е името глупо и е типично биртииче за локални пропалици, со сите пропратни описи од погоре, али Све За Љубав е жишка! Другар пред некој месец ме беше просветлил со името и прво мислев се заебава, оно стварно така го прекрстиле. :frantic
Местото има цели... wait for it... 4 маси, сместени надвор, речиси на улица, кои немаат ни мушама на нив, туку се пиштол-голи и сигурно најдолу имаат слој мрснотија што датира од '83та. Столчињата се буквално од кај стигнала донација, не знам дали 3 исти има. Внатре мислам и дека нема место, туку одма им е кујната на влез. За WC има зараснат дел позади, ваљда таму. Близу ромскиот дел е, па тука може да најдете секакви националности, рамо до Рамо, како се надмудруваат кој ги заебал да не успеат во животот и како цел град ги поштува т.е. кога случаен познаник од грев им фрла пиво.
Секој викенд има певаљка-шема за да ги забавува 4те маси т.е. 8-10те души на нив. Не знам дали и како ѝ се исплати, ама мислам дека гарант има некој јак облог изгубено, па мора до крај на живот да слугува таму. Женава сигурно мава над 180 и сече дрва со голи раце. Секогаш носи еден ист бел фустан и не знам како косата секогаш успева да ѝ е подникната исти 5-6 цм од коренот. Не сум се задржала да видам дали ја фаќаат, али штом фустанот е стално бел, бар оддалеку... Веројатно затоа и го носи, да може да вика „Бело е, не фаќајте“. (worried)
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Отидете во една биртија задскриена во дрва, спроти школото Михајло Пупин, старо Коце Металец, ако сакате да го најдете дното на светот, и ќе се уверите, ќе притискате со нозете врз бетонот да видите дали може да пропаднете во поголемо дно, верувајте нема ништо да се случи, ќе останете таму каде што сте, не се ни сеќавам како завршив таму, најверојатно ми се отворило некое дно во меморијата пред да отидам, искрено не знам ни како се вика местото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider