Ама еве замислете се случува ситуација на дечко и цура им врви убаво во врската и кога еден ден лакмусот си покажува дека девојката е на пат да роди. И од страв за детенцето што го има во себе, (а верујте мајчин инстинкт е нешто несопирливо“) му кажува на дечкото дека е бремена. И му поставува ултиматум, штом овој ко попарен скокнува од фотеља. Пошо да бидеме реални, односот дечко - девојка е сосема различен од оној маж - жена. Ипак во вториот случај, има т.н. планирање на семејство. Во првиот е искључиво ради пукање хормони.
Моето мислење е дека таков ултиматум ако би се нарекло така (иако е ништо во споредба со она што доаѓа понатаму) би требало да се прифати. Не мора по цркви и слични пагански обичаи, но по папир ако се предложи и се разгледа исходот, посекако треба и да се прифати.
Инаку за случаите од погоре, смешно ми е па дури и навредливо во длабока врска да се ставаат ваквиве ултиматуми. Тогаш ја ставаат врската во прашање на опстанок поради самата долгорочност и длабочина.
Во случајот кој што го опиша треба и те како да се постави ултиматум бидејки да одгледуваш сам бебе во никоја смисла не доага плус тешко е.Но што ако ни тогаш не прифати партнерот?
Ако не сака?Ако смета дека се уште не е време за брак?