Ожени ме или ќе те оставам

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Ама еве замислете се случува ситуација на дечко и цура им врви убаво во врската и кога еден ден лакмусот си покажува дека девојката е на пат да роди. И од страв за детенцето што го има во себе, (а верујте мајчин инстинкт е нешто несопирливо“) му кажува на дечкото дека е бремена. И му поставува ултиматум, штом овој ко попарен скокнува од фотеља. Пошо да бидеме реални, односот дечко - девојка е сосема различен од оној маж - жена. Ипак во вториот случај, има т.н. планирање на семејство. Во првиот е искључиво ради пукање хормони.
Моето мислење е дека таков ултиматум ако би се нарекло така (иако е ништо во споредба со она што доаѓа понатаму) би требало да се прифати. Не мора по цркви и слични пагански обичаи, но по папир ако се предложи и се разгледа исходот, посекако треба и да се прифати.

Инаку за случаите од погоре, смешно ми е па дури и навредливо во длабока врска да се ставаат ваквиве ултиматуми. Тогаш ја ставаат врската во прашање на опстанок поради самата долгорочност и длабочина.

Во случајот кој што го опиша треба и те како да се постави ултиматум бидејки да одгледуваш сам бебе во никоја смисла не доага плус тешко е.Но што ако ни тогаш не прифати партнерот?
Ако не сака?Ако смета дека се уште не е време за брак?
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Убаво кажано МериСелест во воведот дека девојката е таа што треба да основа семејство и најчесто на неа и се брза.
Треба да се отворени уште на почетокот и да разговараат за ова прашање.
Кога би поразмислил поубаво дали мажачката по секоја цена ќе ја направи посреќна?
Што ако не го има најдено вистинскиот?
Или обратно,дали машкото кое има намера да се жени по секоја цена треба да се форсира?
Имам слично искуство во животот и само се надевам дека ќе се омажи за тој што навистин ќе го сака за утре да не трпат нејзините деца.
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Бракот е ствар на договор меѓу двајца, а не желба на едниот. Не поставував ултиматум, додека ми се чека ке чекам ако не му текнува за брак ке го оствам. Ма да кај нас е обратно, дечко ми сака брак и деца на млади години али јас се речунам за превише млада за деца и брак на мои 22 години и дека имам уште многу работи да завршам пред да се омажам. Ми стана едно време ептен сумљиво да не ми напри некоа беља па и контрацепцијата си ја презедов само во свои раце.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Убаво кажано МериСелест во воведот дека девојката е таа што треба да основа семејство и најчесто на неа и се брза.
Треба да се отворени уште на почетокот и да разговараат за ова прашање.
Кога би поразмислил поубаво дали мажачката по секоја цена ќе ја направи посреќна?
Што ако не го има најдено вистинскиот?
Или обратно,дали машкото кое има намера да се жени по секоја цена треба да се форсира?
Имам слично искуство во животот и само се надевам дека ќе се омажи за тој што навистин ќе го сака за утре да не трпат нејзините деца.

Па треба да се разговара...Нели лесно е да склефташ бебе...5 минути слатко цел живот татко...
Зошто да не ја направи посрекна?Зар мислиш дека сама ако одгледува дете ке и биде лесно?
Ке и треба подршка од сопругот,финансиска,љубовна,секаква...Подршка за да го изгледат и изведат детето на прав пат...
Ако не го нашла вистинскиот а е бремена,тогаш не знам...Требало да мисли на време...Да увидела најпрвин дали е за нејзе или не и потоа да формира семејство зошто знаеш?После е*ење нема каење и назад. Нели?
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Таквиот ултиматиум за некого е всушност прашање “каде оди врскава“. Во одредена ситуација би оправдала ваков ултиматум, кај оние околу 30 и повеќе од 30 години. Луѓето имаат зацртана цел и сакаат да дознаат дали таквата цел ќе биде заедничка со љубениот. Ако љубениот нема таква цел во блиска иднина, тогаш не гледам причина зошто би останале заедно? Затоа не се чудам кога ќе чујам дека пропаднала долгогодишна врска и еден од партнерите е во нова - завршена со брак. Можеби еден од партнерите сметал дека доволно се реализирал и сака да оформи семејство. Можеби другиот партнер не сака. Фер е да расчистат и да продолжат со своите идеали, барајќи нови партнери.

Врската е заедничко гледање кон иднината. Ако двајцата сакаме да направиме кариера пред брак, тогаш е во ред. Ако двајцата сакаме брак, тогаш е во ред. Ако едниот го сака првото, а вториот другото тогаш не постои компитабилност за основни - суштински работи, пошо нели не живееме за минатото. Јас ги разбирам младите девојки кои сакале да бидат млади мајки. Се пронашле со сличен партнер и ја оствариле таквата цел. И навистина се среќни, нема зошто да ги сожалуваме. Тоа е нивен личен избор, како што е нашиот да идеме на факултет, да се вработиме и подоцна да основаме семејство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and Saladin

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Јас стварно не ги разбирам тие ултиматуми и мислам дека такви колуминации настануваат кај луѓе шо очигледно не се свесни каде се и на шо се со некого....и очајов не ми е јасен ама добро. И само едно сакам да кажам ...грешки несвесни не се прават...сите длабоко во себе знаеме со кого сме и каков е тој и зошто сме со него. Разликата е во заблудата и тешењето самиот себе. Имам кажано и порано, од онаа реплика... Зошто се земавте? Ако не се земевме ќе се скаравме...овој одговор го имам добиено ама најсериозно дваесет пати од мои познајници ....и шо да кажам на тоа ? Апосолутно ништо.
Оваа формула новопечениве шо ја практикуваат ич не ме бендисува ама са сречом нека им е...па ај после сироти деца ќе трпат све и свашта....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Ако дечкото со кој сум во врска, нема сериозни намери со мене и не си ја гледа иднината со мене, најубаво е да ми каже уште на почеток, за да знам и да не си го губам времето со таков, зошто има иако во мал број машки со сериозни намери.
Сега за сега не сум подготвена на ваков чекор, но ако почувствувам дека дечкото нема таква намера отворено ќе му кажам дека мене времето за детски врски ми помина и ако не е спремен на брак најдобро би било да се разделиме.
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Ако дечкото со кој сум во врска, нема сериозни намери со мене и не си ја гледа иднината со мене, најубаво е да ми каже уште на почеток, за да знам и да не си го губам времето со таков, зошто има иако во мал број машки со сериозни намери.
Сега за сега не сум подготвена на ваков чекор, но ако почувствувам дека дечкото нема таква намера отворено ќе му кажам дека мене времето за детски врски ми помина и ако не е спремен на брак најдобро би било да се разделиме.
Тебе бејби изгледа ем ти иска ем ти стиска работата;)