Ожени ме или ќе те оставам

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Имам поделено мислење. Мразам било каков ултиматиум, а не можам ни да замислам како е кога станува збор за толку сериозна работа.

Од друга страна, доколку парот е заедно со години (6/7/8) и веќе е време за брак (според мене идеално време меѓу 25-30) и оформување семејство, а едниот партнер не е подготвен да потпише хартија, тогаш можеби и подобро е да се прекине таа врска. Толку поминати години заедно, верувам низ се и сешто, и да не си подготвен да стапиш во брак, значи дека не си сигурен дека сакаш да го поминеш остатокот од животот со таа личност. Во тој случај, подобро и да не бидеш со таа личност.

Јас мислам дека најдобро е да се подготвува партнерот, постепено да се споменуваат брак, семејство, деца и слични работи. Можеби така партнерот на кого му е тешко да го направи тој чекор, пополека ќе почне да ја гледа таа заедничка слика и ќе му се удоволи. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
А што ако еве рецимо она остане бремена? И во склоп на тоа даде ултиматум за брак?

Tогаш треба да се прифати тој ултиматум...
Зошто да се одгледува само бебе не е убаво ниту добро а подоцна детето ке си има еден вид на комплекси...Нели доколку партнерот не го прифати тоа и реши да ја напушти.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Многупати досега се случувало да слушам за вакви случаеви...Девојката да го тера својот партнер да ја стапи брак со неа или ке го остави...И оп после 2-3 месеци тие веке се во брак.

зошто да се упропастува врска од толку години, во која има љубов, разбирање и почитување, само затоа што еден од партнерите (најчесто машкото) не сака брак во моментот? Ако двајцата се сакаат, зашто едниот би го напуштил другиот само затоа што не сака да стави потпис?

Жени, каков е вашиот став по ова прашање? Дали би поставиле ваков ултиматум? Иако ви е убаво во врската, го сакате човекот, би ја ставиле ли врската на таков ризик?

Мажи, како би реагирале вие доколку ви биде поставен ваков ултиматум? Би ја одбиле понудата или сепак ќе понудите брак?

Како беше она народната: Со сила убавина не бидува... или сепак бидува?

Знам случај и кај што девојчето чека да ја ожени партнерот а сепак ништо од него.29 години ги начукаа а тој абер нема...Нејзе не и се чека..Сака да основа свое семејство.

Вашето мислење?

Нема да е крај на свет-Влатко Лозаноски.
Си имам некои мои принципи кои мојата сегашна девојка ги знае и донекаде се согласува со истите, освен за готвењето.Нема да се женам ако тоа значи потпис во матично или баење во црква.
Би сакал ете да бидеме заедно додека ни е убаво.Без оние заебанции до крајот на животот и во добро и во лошо бла бла.
Исто размислување има и она околу тоа така да до сега немам проблем никаков плус рано ни е за да живееме заедно, иако на неколку пати пробувавме да живеме во мој стан ама сеуште го немаме тој сенс за заеднички живот.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Модерната жена сега не спаѓа толку ниско бе, па директива да поставува таков прост ултиматум. Таа случајно останува во блажена состојба, кука, пушта 2-3 тона солзички пред несреќникот, кажува на родителите, тие ја средуваат цела работа со зоља на слепоочница, и оп - брак дур да трепнеш. :zelen
Лично имам 2 школски што на 19-20 години намерно направија беља за да не им побегне мажјакот, и апла си признаваат и се горди на тоа што, ете, тие успеале да го врзат. Тешки мизерии сме некогаш, искрено.

Аи, ајде бе. Као не можам без тебе, мора да ме жениш/мажиш, ама ако не сакаш, ќе те оставам и можам без тебе понатака цел живот. Биказ фак лоџик.
Мене ми е ова застрашувачки ултиматум, една апла долна уцена и потценување на сето дотогашно разбирање и почит.
Јес да сега сите бегаат од брак ко ѓавол од крст, што од страв, неспремност и незрелост, што од мода и оти кул другар(к)ите се уште слободни, ама пак подобро ќе си земам мачки, отколку така да се бламирам и да си ризикувам врска за еден потпис што ништо не значи.
Самиот брак бе луѓе не е тоа што бил. Фрчат потписи чиниш договор за мобилен е, а не нешто што бара огромно посветување, финансии, кров над глава, зрелост, самостојност, способност за семејство, и првенствено - љубов и спремност, а не бебе на безизлезен пат и слични уцени.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Ма каков црн ултиматум, кажи му дека не ти е до брак, неможеш да се замислиш врзана за една личност под институција наречена брак. Те гуши самата помисла на тоа. Кој ќе примети алфа мажјакот дека на дотичната не и е животна желба брак со него, ќе се запраша па чекај зошто не сака? Па не ме сака? Е за инат ќе ја запросим и сл. Инаку ова успева кај многу мал број на парови, така да не е препорачливо да се испроба зошто многу е можно мажјакот да се согласи и бракот да биде нешто што демек и двајцата не го сакаат.

Инаку ако ја влечка едниот партнер со години во врска, и само има некој точки и подточки на списокот "to do things" пред да се ожени како на пр. да се вработи, да купи кола на старо, па после да купи кола на ново, па да купи стан, па да го уреди станот,( ајде овие се прифатливо, мада за некои работи често се користи и финансии од будуќиот партнер а не ја/го зема за жена/маж...) е сега каприците од типот, да иде на одмор на Бахами, да се фрла Банџи Џамп од мостот во Сан Франциско , и не знам што таму, за на крај да чека температура од 24 целзиусови степени , со влажност на воздухот од 15 гр/м³, за да се венча конечно.....Епа ова не би толерирала. Ако не сакаш кажи отворено, не да ме влечкаш, ако ми одговара ќе се сложим, ако не ондак се знае. Доаѓа време кога сака човек да си создаде семејство, кога има услови, се е наредено, а едниот од нафталин ваѓа причини за тоа да не се случи.И љубовта во овој случај би ја ставила под голем знак прашалник.

Како и да е, не сум ни блиску до ваква ситуација, ама мислам дека толку години заедно сигурно знаеме што ни се заедничките планови , а ако не се исти, тогаш љубовта ќе бара компромис. А да останам бремена само за да ме земе? Никогаш, тоа е ниско и понижувачки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Јас сум си по природа отворена, и доколку гледам дека голем дел од работите се подредени, одиме со години, зрели сме емотивно и финансиски пристојно стоиме, и притоа имам огромна желба да стапам во брак и родам дете а гледам дека тој абер нема...ќе си разговарам отворено. Ако тој не планира брак во наредните 3, 4,5 години ќе му кажам чао. Немам намера да изигравам принцеза плашејќи се да го спомнам зборот брак да не излезе дека притисок му вршам.
Не зборам за детски љубови каде гледаш што побрзо да врзеш некој 20 годишен/на во крпче туку за зрели особи, а зрела особа ако мисли дека е пред ултиматум тогаш не го сака партнерот доволно па се чувствува како во стапица. Инаку не би го нарекла ултиматум туку понуда за брак.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Колку просто е тоа намерно да останеш трудна за да го задржиш типот кој го сакаш! Ама не е толку едоноставно,можеби ќе го задржиш за себе ама нема да биде твој,затоа многу треба да се внимава на тоа.

Не сакам да го задржам на тој начин,ако има љубов и разбирање сами ќе си се задржиме еден со друг,а поставување на ултиматум ни од едната ни од другата страна не го одобрувам и не го посакувам.

Во денешно време мислам дека во повеќето случаеви финансиската состојба е пречка на стапување во брак,многу пати сум ја слушнала реченицата ''Па од љубов само нема да живеееме'' .Што е и навистина така :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Just Perfect and parvati

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Вакви глупи ултиматуми поставуваат само несигурни, прости и несозреани луѓе. Ако некој не те сака џабе ти е што и да правиш. Инаку и јас не го сфаќам тоа намерно затруднување со надеж дека ќе се земат. 21 век сме, вакви подли и глупи работи не треба да се прават. Ајде и да се земат поради детето, не знам како можат да живеат со фактот дека мажот ги земал поради детето, а не поради нивната љубов. После тоа најчесто следуваат разводи, трауматизирани деца, несредени семејства - преголем хаос за мој вкус. Јас не би можела да му го направам тоа на некој што го сакам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Just Perfect

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Ама еве замислете се случува ситуација на дечко и цура им врви убаво во врската и кога еден ден лакмусот си покажува дека девојката е на пат да роди. И од страв за детенцето што го има во себе, (а верујте мајчин инстинкт е нешто несопирливо“) му кажува на дечкото дека е бремена. И му поставува ултиматум, штом овој ко попарен скокнува од фотеља. Пошо да бидеме реални, односот дечко - девојка е сосема различен од оној маж - жена. Ипак во вториот случај, има т.н. планирање на семејство. Во првиот е искључиво ради пукање хормони.
Моето мислење е дека таков ултиматум ако би се нарекло така (иако е ништо во споредба со она што доаѓа понатаму) би требало да се прифати. Не мора по цркви и слични пагански обичаи, но по папир ако се предложи и се разгледа исходот, посекако треба и да се прифати.

Инаку за случаите од погоре, смешно ми е па дури и навредливо во длабока врска да се ставаат ваквиве ултиматуми. Тогаш ја ставаат врската во прашање на опстанок поради самата долгорочност и длабочина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник