Ожени ме или ќе те оставам

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Многупати досега се случувало да слушам за вакви случаеви...Девојката да го тера својот партнер да ја стапи брак со неа или ке го остави...И оп после 2-3 месеци тие веке се во брак.

зошто да се упропастува врска од толку години, во која има љубов, разбирање и почитување, само затоа што еден од партнерите (најчесто машкото) не сака брак во моментот? Ако двајцата се сакаат, зашто едниот би го напуштил другиот само затоа што не сака да стави потпис?

Жени, каков е вашиот став по ова прашање? Дали би поставиле ваков ултиматум? Иако ви е убаво во врската, го сакате човекот, би ја ставиле ли врската на таков ризик?

Мажи, како би реагирале вие доколку ви биде поставен ваков ултиматум? Би ја одбиле понудата или сепак ќе понудите брак?

Како беше она народната: Со сила убавина не бидува... или сепак бидува?

Знам случај и кај што девојчето чека да ја ожени партнерот а сепак ништо од него.29 години ги начукаа а тој абер нема...Нејзе не и се чека..Сака да основа свое семејство.

Вашето мислење?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and Caci

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Мое мислење.... Да ми дала некоја ултиматум ќе сум ја прател у три лепе пизде материне(со извинение).
Прво и основно затоа што јас... одев со парола дека ќе стапам во брак само тогаш кога ќе бидам доволно финансиски кабожен да се справам со тој брак што следи. Земајќи во предвид дека мојата тогашна идна жена беше студент значи требаше да бидам кабожен и нејзиниот факултет да го плаќам.
И затоа чекав подолго. Ако ми дадеше ултиматум тука ќе ни беше крајот.

Е сега, има случаеви,... каде двајцата начукуваат по 35-36 години, девојкава ќе биде веќе и „слабо-продуктивна“ се влечкаат во врска 20 години... тој нема абер... и мора ултиматум, ама во помодерните општества тој ултиматум оди со ширење нозе, замајување работата и останување трудна.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Мене ми дадоа ултиматум,омажи се за мене или ке те оставам,и ме остави.:D
Значи овој ултиматум може да произлезе од двете страни.
Можеби доколку сум го сакала повеке и ке сум прифатела да се омажам на 18 години,неможам да знам.
Кој сака нека си дава ултиматуми,кој сака нека ги прифака,животот е само еден и за секого свој.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
А што ако еве рецимо она остане бремена? И во склоп на тоа даде ултиматум за брак?
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Мислам дека во врска не треба да постојат условувања и ултиматуми зашто не раѓаат со плод...се што е исфорсирано и усилено е избрзано и непромислено....
За да стапиш во брак треба да си сигурен во неколку нешта, пред се во љубовта, компатибилноста, финансиската и материјалната ситуираност...зашто бракот не е само мед и млеко...бракот е многу захтевен...и не е правилна причина да стапиш во брак зашто начукале по 29 години или дека се во врска неколку години...
Јас мислам дека вистински маж нема да подлегни на таков ултиматум...а вистинска жена нема да си дозволи да го натера партнерот да стапат во брак со ултиматум...па жена си на крајот на краиштата, снајди се...
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
А што ако еве рецимо она остане бремена? И во склоп на тоа даде ултиматум за брак?
Јас не би се оженил ако не ја сакам... оти тоа дете ќе има нарушено ментално здравје со мене како татко и мајка што не ја сакам... Ќе ја варам на 20 минути.(ама тоа не значи дека нема да се грижам за тоа дете)
Ама ако си се сакаме, напраиме белја, после не е ултиматум само сносување на одговорност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Emma.T and Photographer

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Во мојот случај ...јас по “сто години“ врска останав бремена и тоа беше причина плус и повод да се земеме тогаш...ние со години одолговлекувавме заради финансии...ама кога бидна бременоста, немаше бегање...:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Arkantos

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Секоја врска посебна приказна , можеби во некој случај тој ултиматум ке значи оссвестување на едниот партнер дека е време да се земе тој нареден чекор, а во некој др случај освестување дека се на две различни страни и не го сакаат истото, можда и некој сака да го условуваат, а и на крај света не е потребен потпис за да се знае дека се заедно , најчесто финанскиската состојба налага да се одложуваат голем број бракови и се ствара притисок од двете страни па партнерите чекаат со год год и кога ке видиш никогаш не е погоден момент , па на крајот на едниот и ке му пукне филмот од чекање..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
нема да дозволу да ми каже такој
како прво ја не би ишја сс некоју што би имало шансе такфо нешто да помисли да ми каже
едноставно сс само тој што иде сс мене ке знае дека нема да ву треа такфо размислување, едноставно нека течеф работе
куде да се брзамо : ) какфи бракови какфо условување
сфе што е под услоф, не е од љубаф, од некакфу корис е, а такфа не ми треа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Ми се нема случено вакво нешто, но доколку би се случило а јас да не го сакам тоа, најпрво би пробал да ја разубедам желбата нејзина да се пролонгира на неопределен период; доколку и јас имам сериозни планови со неа, но не тој момент, би нашле некој компромис за бракот да се случи но не баш тогаш кога она сака; а доколку пак со личноста не планирам ништо на дуге стазе а она ме напне, тогаш може јас неа да ја уценам да не ме напиња затоа што може и истиот момент да ја скончаме врската. Инаку ми се има десено да ме отпука девојка оти не прифатив врска после три месеци повремено мување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer