Најтешко кај човек е да ја вратиш довербата, а уште потешко е на некој да му веруваш, потполно како што треба да биде.
Не знам јас како ќе опстои тоа, зошто јас сум фантазер и секогаш смислувам некоја приказна во главата, а веројатноста истата да се оствари е многу голема.
Интуицијо и ти си кучка. Толку силна си и ме плашиш понекогаш, но се се дознава, порано или подоцна, а јас сигурно дека ќе дознаам, без сомнеж тоа.
Помалце почнаа да мирисаат липите, сега мора да стојам на тераса и да гледам колку автомобили поминуваат, не плашејќи се од висината, зошто мирисот ме опојува и во тој момент не размислувам.