Религијата умира?

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Господе! Значи морам да те спомнам прости ми...
Тоа со спомнувањето се однесува на четириделното Име(יהוה) - тетраграматонот. Евреите постојано го споменувале господ, но користеле имиња како Адонаи, Елохим и слично, епитети што се однесуваат на господ, но не се неговото име.
Верници сте наводно, а не ги знаете ни основите....
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
А вие атеистите по која основа давате имиња?
Не мислам какви имиња им ставате на децата ..
Ај ете за вас не знам, верник сум ама не се мавам в гради дека се знам..
Друи велам за вас атеистите освен дека не верувате во Господ друго ништо не знам..
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Тоа со спомнувањето се однесува на четириделното Име(יהוה) - тетраграматонот. Евреите постојано го споменувале господ, но користеле имиња како Адонаи, Елохим и слично, епитети што се однесуваат на господ, но не се неговото име.
Верници сте наводно, а не ги знаете ни основите....
Каде виде верници жити бога, одамна нема такви, бадијала се удираат во гради.Двапати годишно ке отидат во црква и еднаш во годината на некој ке му текне да пости и потоа они биле верници..оооооо...
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Каде виде верници жити бога, одамна нема такви, бадијала се удираат во гради.Двапати годишно ке отидат во црква и еднаш во годината на некој ке му текне да пости и потоа они биле верници..оооооо...
И тоа што викаш.
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Религијата не може да не постои.Секој од нас припаѓа на религија и го почитува тоа што таа проповеда.
Убаво ќе беше ако навистина се почитуваше тоа што проповеда религијата ама такво нешто немало никогаш и ниту ке има.Христијанството изумира на велико, луѓево не веруваат во ништо, разочарани се од неа, станаа полиберални, духовно послободни..повратак нема, човештвото оди во пропаст.

Крстена сум во црква, таа вера ја носам и потполно си во право, и јас незнам која е поентата.
 
Последна промена од модератор:

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
А вие атеистите по која основа давате имиња?
Не мислам какви имиња им ставате на децата ..
Ај ете за вас не знам, верник сум ама не се мавам в гради дека се знам..
Друи велам за вас атеистите освен дека не верувате во Господ друго ништо не знам..
На основа на наследство?
Врз основа на убаво име? Секако со договор меѓу нас двајцата партнери?
Не е доволно ова?
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Убаво ќе беше ако навистина се почитуваше тоа што проповеда религијата ама такво нешто немало никогаш и ниту ке има.Христијанството изумира на велико, луѓево не веруваат во ништо, разочарани се од неа, станаа полиберални, духовно послободни..повратак нема, човештвото оди во пропаст.
Од кога либералноста и слободата се причина за човештвото да оди во пропаст?! Ако ги споредиме сите предходни периоди, човештвото во моментов живее најквалитетно.
Никогаш предходно поединецот немал толку права и слободи, никогаш предходно технологијата не била на ова ниво, никогаш предходно човечкиот живот го немал тој квантитет и квалитет како сега. Никогаш предходно обичниот човек немал пристап до толку информации и знаење како сега! Ако ова е пропаст тогаш што е напредок? Мрачниот среден век?

Крстена сум во црква, таа вера ја носам и потполно си во право, и јас незнам која е поентата.
Како може да "носиш вера"? Тоа не е униформа па да ја носиш.... Затоа сме разумни битија, да можеме сами да процениме и оцениме дали нешто е валидно или не. Ако веруваш само затоа што некој ти наложил да веруваш, тогаш што те разликува од робот? Од програмирана машина?
 
Последна промена од модератор:

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Од кога либералноста и слободата се причина за човештвото да оди во пропаст?! Ако ги споредиме сите предходни периоди, човештвото во моментов живее најквалитетно.
Никогаш предходно поединецот немал толку права и слободи, никогаш предходно технологијата не била на ова ниво, никогаш предходно човечкиот живот го немал тој квантитет и квалитет како сега. Никогаш предходно обичниот човек немал пристап до толку информации и знаење како сега! Ако ова е пропаст тогаш што е напредок? Мрачниот среден век?
не можам многу ни да читам, на жалост, знаеш дека тебе сакам да те прочитам..ај набрзина вака да одговорам на што мислев..во право си дека најквалитетен е животот сега но мислев на моралното живеење, на изопачените меѓучовечко односи, на сексуалната слобода и др.(ке ме избркаат од работа, хахахха).

Изгледа дека сите ја носиме верата како униформа за на парада.
 
Последна промена од модератор:

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
не можам многу ни да читам, на жалост, знаеш дека тебе сакам да те прочитам..ај набрзина вака да одговорам на што мислев..во право си дека најквалитетен е животот сега но мислев на моралното живеење, на изопачените меѓучовечко односи, на сексуалната слобода и др.(ке ме избркаат од работа, хахахха).
Моралот е последица на општествените и културолошки норми, тој не е нешто вродено или фиксно. Зависно од културата или поднебјето, различни луѓе имаат различни морални норми. На пример во Нова Гвинеја е најнормално да бидеш гола/гол, за разлика од Саудиска Арабија на пример каде за голотија може и глава да изгубиш - буквално. Или на пример постојат афрички племиња каде е обичај домаќинката да има секс со гостинот.
Кога се раѓа, човекот е табула раса, општеството му ги всадува моралните норми, а тие зависат од религијата или традицијата. Тие не се апсолутни, константно се менуваат и еволуираат, дури и во склоп на една иста култура. На пример пред 50 или 100 години, тоа што било незамисливо и скандалозно, сега е нормално и секојдневно. Слично ќе биде и за наредните 50 или 100 години.
 

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
43
Разговарав еднаш со еден социолог и се сложувам со она што го кажа.
Религијата е неминовна да се појави тогаш кога се големи разликите во човечката интелигенција и технологија.
Религијата се појавила кога човекот станал свесен за себе и имал многу повеќе прашања од одговори. Некако тие прашања морале да се одговорат и тука се има случено проблемот, некој решил да уновчи од религијата и да држи маса под контрола, па така човештвото е веројатно 1000 години назад со развојот благодарение на религиите.
Денес кога технологијата е на доволно развиено ниво да даде одговор на прашањата, религијата е непотребна и нелогична, односно од продуктивна станува контрапродуктивна и штетна по интересите на човештвото. Религијата гледам се меша со традицијата. Религијата се практикува традиционално бидејќи нема напредок во нејзиниот развој. Од сите науки во светот, теологијата како наука (мислам ова е тотална глупост пошто теологијата не се квалификува како наука по ниедна дефиниција) нема забележано НИКАКОВ напредок со векови, така да нормално е да изумре како дисциплина.
Интензитетот на практикување на религијата е во права пропорција со игнорантноста кон светот. А таму каде има генерална игнорантност религијата царува и тоа според мене е сосем океј. Тоа што не е океј е што религијата е упорна во борбата против гносата и сите други науки и други религии и тоа предизвикува луѓето да имаат одбивност кон неа.
Ова е многу широка тема за разговор. Ова треба да се стаиме на некоја ливада под некоја сенка па да дискутираме :)