Разговарав еднаш со еден социолог и се сложувам со она што го кажа.
Религијата е неминовна да се појави тогаш кога се големи разликите во човечката интелигенција и технологија.
Религијата се појавила кога човекот станал свесен за себе и имал многу повеќе прашања од одговори. Некако тие прашања морале да се одговорат и тука се има случено проблемот, некој решил да уновчи од религијата и да држи маса под контрола, па така човештвото е веројатно 1000 години назад со развојот благодарение на религиите.
Денес кога технологијата е на доволно развиено ниво да даде одговор на прашањата, религијата е непотребна и нелогична, односно од продуктивна станува контрапродуктивна и штетна по интересите на човештвото. Религијата гледам се меша со традицијата. Религијата се практикува традиционално бидејќи нема напредок во нејзиниот развој. Од сите науки во светот, теологијата како наука (мислам ова е тотална глупост пошто теологијата не се квалификува како наука по ниедна дефиниција) нема забележано НИКАКОВ напредок со векови, така да нормално е да изумре како дисциплина.
Интензитетот на практикување на религијата е во права пропорција со игнорантноста кон светот. А таму каде има генерална игнорантност религијата царува и тоа според мене е сосем океј. Тоа што не е океј е што религијата е упорна во борбата против гносата и сите други науки и други религии и тоа предизвикува луѓето да имаат одбивност кон неа.
Ова е многу широка тема за разговор. Ова треба да се стаиме на некоја ливада под некоја сенка па да дискутираме