Низ муабети со раја често се појавува прашањето за државно вс. приватно. Се чини дека постои јасна дистинкција меѓу државен (јавен) сектор и приватен (реален), имено првиот теоретски постои за `доброто` на граѓаните, како нивен сервис, а вториот е мотивиран од профит.
Бидејќи теоријата е едно а реалноста сосома друго - изгледа дека се работи за лажна дилема и дека двата сектори се мотивирани од профит.
Копи пејст од другата тема - државата како ентитет најверојатно е run for profit corporation, профитот би бил разликата меѓу потрошените пари од буџет за потреби на рајата собрани од сите намети или кредити и парите кои се трансферираат во сосема приватни џебови на политичари и бирократија. Тендери, анекси, договори, плата и бонуси за бирократи - сето тоа се приватни џебови, бидејќи не постои држава како битие туку постојат нејзини претставници кои по некое чудо ама баш секогаш излегуваат побогати после одреден мандат отколку пред тоа.
Дакле разликата меѓу парите потребни за да опстои државата како таква и она кое завршува на нечии сметки. Не за друго, одреден процент мора да биде потрошен во корист на рајата бидејќи ако државните структури само собираат намети а не враќаат ништо - ќе бидне крваво за кратко време.
Иако и тие средства кои се трошат за бенефит на рајата се напумпани и од нив профитираат разни државни паразити - сепак останува нешто и за робовите.
Тоа не е феномен само на коруптивни клептократски државички како РМ туку и на сите останати по светот, разликата е во тоа колкав терет паѓа на граѓаните. Секако во земји со повисок стандард, повисоки примања и подобра инфраструктура тоа не се чувствува толку како товар, но во запечени припиздини и тоа како се осеќа.
Ако ова е точно, дали испаѓа дека патриотизмот и национализмот се `љубов` кон туѓ профит и одлична превара базирана врз емоции со цел да се сокрие дека државата е само run for profit?