1. Неам одговор за ова, затоа што како атеист, најмалку ме допира.Да, имаме да дадеме.
1. Сосема е во право Абраксас, честитање на верски празник со именување на членот,односно директно упатена честитка е ГОЛЕМА грешка на админите.
Да се етикетираат сите членови како да се припадници на една верска заедница е повеќе од навредливо, односно ја покажува вашата нестручност да водите еден форум каде треба да се почитува секој поединец (член) во однос на верска и етничка припадност.Да биде иронијата уште поголема сами носите правила и истите ги кршите, а за возврат нудите извинување.
2. Како второ би го прозвал модереаторот на пдф Религија,од кога е ставен на таа функција ниту еднаш не отворил тема или развил дикусија со што би го освежил пдф и би привлекол нови членови.Ако вака и на овој начин сметате дека ќе се зголеми бројноста на форумот тогаш сигурно имате погрешна престава за тоа што значи да се води еден форум.(нишај врата ,земај плата )
3. Ништо не работите, среќа сега што постирав повеќе црнобели револуционерни слики да се покажете на дело,според правила како се работи.Браво одлично сработено.
Време е да си дадете остаавки!
2. Зошто очекувате од модераторот буквално се` да прави во врска со подфорумот кој го модерира? Ама буквално се`. Зошто ете не ја раздвижиш ти работата како член? Или лесно е од страна да се истура памет, а на дело некако сите сме исти, не? Кога критикуваш, почни прво од себе си. Секогаш. Ако имаш издржани аргументи за верски теми, слободно постирај, секако ќе се најде место за дискусија.
3. Тоа што и како работиме е најмалку твоја грижа. Демек сеа не` тестираш колку сме строги, кои ни` се границите на толерантност. Можеби и си во право, можеби треба да го стесниме малку обрачот. Но после да нема кукања дека сме биле строги, важи?
Или секогаш ќе бидеме под лупата на „незадвоволните револуционери“ само за да се тера еден те ист муабет наместо да си ја трошиме сите енергијата заедно барем еднаш форумов да го направиме квалитетно катче. Мислам, кога веќе критикувате дека немало квалитетни дискусии.