Сакам да кажам/Сакам да прашам

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Да ама ако се оди во крајности и во Кина ги малтретираат децата за бедни пари да работат да носиш некоја јакна која е 95 посто од Кина увезена.
Кокошките си несат јајца посекако е сеа форсирани или не не се замарам коа знам дека за празнициве и луѓе работат за профит на газдата па он претпоставувам совеста ќе си ја искупи со некоја црква која ќе биде со позлатена камбанарија.
Велигден и сите празници си се убави ако се празнуваат со цело срце вистински и искрено...се сложувам дека смртта на едно јагне нема на Бог да му значи ништо ама луѓето се такви па кога им годи се повикуваат на неговото име,нешто слично коа на Бадник се пие и пијанчи на огин...зашто?Во име господово се разбира.
Мене па ме радува што во ова лудило успеваат за овие два три големи празника да речат стоп дај малку да глумиме христијани па као се малку покротки и одмерни овие два дена :)
Што би рекол Игор Исаковски во една песна апропо муабетот

''сите беа наместено весели''
Тоа што на светот има многу зла не значи дека не треба да се бориме против нив. Не е во ред да си правиме циркуси и забави за кои друѓи суштества плаќаат со својот живот, исто така не е во ред ниту деца да работат за бедни пари, но тоа не значи дека треба се да прифатиме, напротив, треба да си ги чукнеме малку главите и да почнеме да се освестуваме.
Не ми е јасно само како можат да колат јагниња во име на господ бог. Верници се тресат пред кртсови , не спуштаат рака од крстење кога ке видат црква, библиите ги чуваат повеке од очите а убиваат јагниња во божјо име. Нели е малку контрадикторно тоа што верниците повеке се поклонуваат на нешта кои што човек ги создал а убиваат божји креации во име на бога? Како тоа ги прави верници?

Е убаво рекол НАМЕСТЕНО весели, затоа што само лицемерие може да извира од толку неук и неосвестен народ, ништо друго.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Не сакам да кажам дека ги мешаш појмовите на животот и човечката егзистенција,но сепак би кажал дека ти си ми втора таква "жртва" за животните после мојата братучетка, и јас ја разбирам вашата пожртвенетост за тоа.На братучетка ми им беше жал за мува да се убиеше,дури и за болвите.:)Не ми се веруваше кога го видов тоа.Таа никако не свати дека животните (не сите:))служат за исхрана на човекот во секојдневјето,тука нема крај на тоа,освен вегетарјанството.Секојдневно се убиваат животни за прехрана на лугето и на тоа нема крај.
Искрено и мене ми е жал за животните што се колат,но таа приказна нема да престане никогаш.Затоа треба да се помириш со тоа.
Нема да се помирам никогаш, зошто би се помирила со чин на насилство? Животните не се наша природна храна, да не забегуваме со муабетот, ама можеме да живееме и без нивните продукти, всушност многу сме поздрави кога не јадеме животинска храна. Ама и да е така, во ред, јадете месо ако сметате дека не можете без него, но не се изживувајте и не си правете забави од сето тоа, па уште и во божјо име.

Искрено некогаш посакувам да се појави некоја раса посупериорна од нас во секој смисол и да ни го прави истото што и ние на животните, па можеби ке се освестиме на тој начин

Секогаш има избор, не учествувајте во тоа зло, сакајте ги сите живи суштества и славете ги празниците радувајки се на животот а не на мртвото тело на убиеното јагне. Секогаш можете да имате вкусна храна на вашата трпеза и без животински продукти, едноставно не вреди за тоа некој да плаќа со живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Многу иритирачка е репликата: Абе деца се малтретираат, сеа до животни сме стасале..!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden and malo

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073

Јас лично ја разбирам твојата загриженост према животните. Никогаш не малтретирам или се изживувам со животни,но не и многубројниот останат дел од човештвото.Потполно ја разбирам твојата бунтовност за заштита на животните,но сепак мислам дека мисијата би ти била невозможна.Причината е дека сепак егзистенцијата е дефинирана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Многу иритирачка е репликата: Абе деца се малтретираат, сеа до животни сме стасале..!
А всушност луѓето умираат од глад не затоа што нема доволно храна, туку затоа што 90% од сојата оди за сточна храна, 80% од пченката оди за сточна храна, 60% од пченицата и така натака. Луѓето умираат и за чиста вода а тони вода се трошат на дневно ниво за малку повеке од 100 крави. Една плескавица не нахранува ниту еден човек за цел ден, а се количината на храна која се користи за гоење на кравата за да се добие таа плескавица можат да се нахранат 2000 луѓе. Да не зборуваме за болестите што месото ги предизвикува кај човекот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Јас лично ја разбирам твојата загриженост према животните. Никогаш не малтретирам или се изживувам со животни,но не и многубројниот останат дел од човештвото.Потполно ја разбирам твојата бунтовност за заштита на животните,но сепак мислам дека мисијата би ти била невозможна.Причината е дека сепак егзистенцијата е дефинирана.

Дефинирана??? Дали знеш дека на светот има повеке вегетаријанци отколку месојади? некои делови од Азија и Африка се со целосно вегетаријанско население пред се поради нивните религии. Има луѓе кои што цел живот го поминуваат без месо и ништо не им фалело, напротив, биле многу поздрави од било кој месојад. јас не јадам животински продукти долго време, а без месо сум повеке години и не чувствувам дека нешто ми фали во исхраната.
 
Од каде ти е податокот или информацијата дека во светот повеќе има вегетарјанци,незнам,но моето мислење беше дека неможе да престане ниту една месна индустрија со работа,само од емоционална причина.Тука се работи за голем интерес.Дали се разбравме?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Од каде ти е податокот или информацијата дека во светот повеќе има вегетарјанци,незнам,но моето мислење беше дека неможе да престане ниту една месна индустрија со работа,само од емоционална причина.Тука се работи за голем интерес.Дали се разбравме?
Ама ако ние престанеме да јадеме месо они за кого ке го произведуваат? Со секој купен производ ние инвестираме во фирмата која го произвела, така да ако престанеме да инвестираме во убивањето животни, тие нема да имаат корист од истото и ке престанат.
Ке ти го најдам тој податок деновиве, ке ми треба време.
 
corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Ама ако ние престанеме да јадеме месо они за кого ке го произведуваат? Со секој купен производ ние инвестираме во фирмата која го произвела, така да ако престанеме да инвестираме во убивањето животни, тие нема да имаат корист од истото и ке престанат.
Ке ти го најдам тој податок деновиве, ке ми треба време.
Сепак мислам дека зборуваме за невозможното,или најмалку,шта би било кад би било...
Рече,ако ние престанеме да јадеме месо,тие за кого ќе произведуваат?
Мислам дека ниту со една кампања на светот нема да можеш да го разубедиш народот што консумира месо,од еднаш да престане и да размислува за поздрав живот,не верувам.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Сепак мислам дека зборуваме за невозможното,или најмалку,шта би било кад би било...
Рече,ако ние престанеме да јадеме месо,тие за кого ќе произведуваат?
Мислам дека ниту со една кампања на светот нема да можеш да го разубедиш народот што консумира месо,од еднаш да престане и да размислува за поздрав живот,не верувам.
Па можеби и не си во право. Порано се чинело дека невозможно е белците да ги гледаат црнците како рамни на себе и невозможно било да се замисли жена да учи, да работи, да има права како и мажот... се ке биде во свое време, ама за да биде не треба да се откажеме само затоа што ни се чини невозможно. Невозможни нешта се случуваат секојдневно, затоа и е вреден овој живот, бидејки е борба со невозможното.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina