6 типа на фејсбук пријатели
една кратка лично
моја анализа (ми беше досадно
)
1) Романтичари
Овој тип на луѓе се најнеоригиналните. Доколку е во врска, вашиот пријател постојано објавува фотки од заеднички поминатите моменти со својата сродна душа, со клише љубовни реченици/цитати и со многу срциња, кисови, намигнувања и нормално мора да има некој фиилинг (најчесто заљубено, сакано, посакувано, фантастично итд). Можно е вашиот пријател да не е во врска, а пак да објавува цитати, патетични љубовни изреки што се вртат по фејсбук во секоја минута по сто исти статуси, и да е опседнат/а со тоа дека вистинската љубов постои а дури не сте ни знаеле дека некогаш имал/а врска, па се прашувате како е толку запознает/а на тоа поле. Дали овој тип на луѓе студирале на некој универзитет на отсек 'вистинската љубов, вистински сигнали'? Многу веројатно.
2) Недостапни
Овој тип на луѓе скоро и никогаш да не објавуваат ништо. Немаат скоро ништо на својот ѕид, а слика од себе ставиле на профил само за вие да не им додевате. Најчесто не можете да ги најдете на фејсбук, така да ако ви е нешто итно, а немате кредит, заборавете дека ќе ги добиете нив. Можеби ќе ја видат вашата порака за некој месец дена. Постојано во друштво кажуваат како фејсбукот не го користат и имаат попаметни работи од тоа да седат на интернет незнамтамуколкучаса дневно. Ве оставаат со отворена уста кога ќе ви кажат дека претходната вечер изгледале 6 филма од по саат и пол на својата огромна плазма. Да, многу подобро го користиш времето, другарче ; )
3) Чекирачи (се чекира насекаде)
Овие ми се најинтересните. Доколку ви се допаѓа некој/а чекирач/ка, тоа е огромен плус за вас. Постојано ќе знаете каде е, со кој е, како изгледа, зошто нели, со чекот мора и да следи една фотка, ако не се убаво излезени, тогаш ќе ја пикнеме во коментар. Сепак не лажеме, ама не ставеме на видело, мрсна ни е косата. А најдоброто е тоа што знаете и каде одат во петок! Сања абвгдѓева оди во петок во клуб Санторино на Мајами! Што сакате повеќе од ова? А треба ли да напоменам дека овој тип на луѓе најчесто се и најголемите лајкувачи? Ви ставаат лајк на се и сешто, па дури и да сте објавиле рок песна а тие мразат рок од дното на душата. Пријатели засекогаш : )
4) Викторија Сикрет вана би
Ова се оние најубавите. Добро, не мора да значи. Сите ние имаме барем еден пријател кој става барем по 2 селфиња на ден, со некој добар и ударен цитат како на пример: 'Денес се разбудив ваква'. Доколку е женско, тогаш става фотки од својот нов фустан, своите фармерки, блузи, костими за капење и т д и пред секое петочно издание мора да се кликне една фотка. Доколку е машко, тогаш најверојатно повеќе става фотки од тоа како оде теретана и оној тип на цитати: "Мислете дека ваков се разбудив? Мислете дека е лесно? Не, не е лесно! Вежбај! Можеш и ти! Мора да бидеш упорен!!! #непостигнувашништосодиета #workbitch #најдобристомачни #видимигистомачните #аштоќекажишдобристомачниа? #здраваисхрана
5) Политика
Овој тип на луѓе се што објавуваат е поврзано со политика. Буквално. Најчесто, и во живо се такви но не мора да значи. Нивниот фејсбук е главно место каде можат да напишат што мислат за најновите случувања во политиката.
6) Музичари
Овој тип на луѓе се што ги интересира е музиката. Најчесто се определени за еден жанр на музика и објавуваат песни постојано, дури и десетина во еден ден. Тие најчесто не се плашат од страшниот вирус наречен "немам лајкови - не сум кул" па многу често можете да забележете да немаат ниту еден лајк. Најчесто постираат песни за кои не сте ни слушнеле, објавуваат стихови од некоја песна која не ви е позната, а и да ви е позната не можете да се сетите на изведувачот.